Според конечните податоци што ги објави аналитичарската куќа Датафорс, Дачиа Сандеро е најпродаван модел на автомобил во Европа во март. Неивесноста за првото место продолжи до крајот, за Сандеро да избие прв, со само 85 возила повеќе од Пежо 208.
Во март, Дачиа Сандеро постигна 25.402 продажби на европскот пазар, додека конкурентот од истата класа, Пежо 208, следи со минимален заостаток, со продадени 25.317 возила. Третото место му припадна на компактниот СУВ-модел Нисан Кашкај, којшто заостанува со 247 возила зад Пежо 208.
Сите модели во водечката десетка беа во тесна трка за место, со разлика одвај поголема од 6.000 возила меѓу првакот Сандеро и десетопласираниот Пежо 2008.
Во завршницата од собирањето на податоците од продажбата, Пежо 208 беше во мала предност пред Сандеро.
Во првите три месеци од годината, Сандеро е прв со продадени 68.707 возила, што е за околу 10.000 возила повеќе од 208. Трет е Фолксваген Голф.
Најголем скок во Топ 10 во март постигна Фолксваген Тигуан, којшто кон завршетокот на минатата година стартуваше со моделската изведба со приклучен хибриден погон. Со раст од 23 проценти, тој го заврши месецот на 7-то место.
Друг модел со поголем скок е Опел Корса, којашто користи иста платформа со Пежо 208 и напредуваше 8,3 проценти во споредба со лани. И самиот 208 имаше солиден раст од 7,1 проценти.
Сандеро го задржа водството и покрај падот од 3,8 проценти. Од 10-те најпродавани модели, најголем пад имаше Голф на петтото место, со 17 проценти во минус.
[the_ad id=”85764″]
Двата модели, 208 и Корса, коишто освен во изведбата со мотор со внатрешно согорување се достапни и во целосно електрична изведба, не искористија од растот во продажбата на електрични автомобили на целиот европски пазар од 23 проценти. Електричниот е-208 во март имаше пад од 65 проценти и 1.886 продажби, наспроти 5.364 примероци лани во март, додека Корса-е имаше пад од 51 проценти, со продадени 1.331 возило, наспроти 2.691 возило во истиот месец лани.
Во изминатите месеци, неколку клучни модели испаднаа од Топ 10. Тоа посебно важи за Тесла Ипсилон, којашто го заврши март на 19-то место, со пад од 42 проценти во продажбата, што во дел се должи на смената со новиот модел, а во голем дел е резулат и од лошиот имиџ, што вмешувањето на Илон Маск во политиката го остави врз марката.
















