Шефот на Еф Би Ај го замени Шевролетот со БМВ

Првиот човек на Еф Би Ај, Каш Пател, го замени својот службен Шевроле Сабурбан со БМВ Икс 5. Тој вели дека германскиот автомобил не е толку нападен и троши помалку.

Доналд Трамп, претседателот на САД, сака „Америка да биде прва“. Првиот човек на бирото Еф Би Ај, Каш Пател, има малку пошироки видици. Како што објави тамошниот информативен портал Ем Ес Нау, Пател нарачал ФБИ да му обезбеди ново службено возило, за тој да биде помалку нападен при неговите појавувања во јавноста.

За разлика од претставниците на тајната служба што досега се развезуваа со посебно заштитени Шевроле Сабурбани, Пател повеќе сака да се вози во блиндиран БМВ Икс 5.

БМВ-то едноставно е поевтино

Претставник на Еф Би Ај, потврди за Ем Ес Нау, дека службата набавила БМВ Икс 5 за директорот. Тој објасни дека Еф Би Ај планираат да се обноват со посовремени возила, и дека овој избор е направен, меѓу другото, поради тоа што трошоците биле пониски во споредба со останатите избори што доаѓале предвид.

„Владините служби, вклучувајќи го Еф Би Ај, редовно ги проверуваат, обновуваат и осовременуваат своите возни паркови, раководејќи се според искористеноста, безбедносните барања или буџетските можности,“ порачуваат од тајната служба.

Според Ем Ес Нау, тековната влада потпишала договор со БМВ за снабдување со блиндирани возила. Министерството за надворешни работи ги користи овие возила за дипломатите и за други службеници во подрачја со висок ризик.

Блиндираниот СУВ тежи 3,6 тони

Пател сепак е прв шеф на Еф Би Ај што избира странска марка за своето службено возило. Блиндиран Шевроле Сабурбан би чинел 480.000 долари. БМВ Икс 5 не чини ниту половина од тоа. Сепак останува прашањето, зошто Пател барал ново службено возило.

Многу критики кон Пател

Ова не е првпат, Пател да се најде под силни критики. Шефот на тајната служба претходно ја вознемири јавноста затоа што користел службен авион на Еф Би Ај за приватни цели. Демократите неодамна поведоа истрага околу користењето јавни средства од страна на Пател.

Претходна објаваЕвропскиот автомобилски пазар се електризираше во 2025, хибридите уште поуспешни
Следна објаваРекордот на Рено звучи убедливо, сé додека „автомобилот“ не се погледне од вистинскиот агол

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here