Сцената навистина се одушеви, кога Рено јави дека поставил рекорд за електрични возила со експерименталниот Филанте. Славата веројатно ќе траеше подолго, ако сите медиуми објавеа слика во којашто „автомобилот“ се гледа отстрана. Сосем друга слика се доживува, кога ќе се смени аголот и ќе се добие поверодостојна претстава за рекордерот.
Филанте на тест патека во Мароко успеал да мине 1.008 километри за помалку од десет часови, и притоа постигнал просечна брзина од 102 километри на час, со просечна потрошувачка од 7,8 киловатчасови електрична енергија за секои 100 километри.
Единственото време што Филанте го минал во мирување се седумте минути, за смени на возачите.
На целта се покажало дека во батеријата имало на располагање уште 11% од нејзиниот капацитет.
При истата просечна брзина, тоа би значело уште 120 километри плус во досегот.
Во возилото била вградена стандардна батерија од моделите на Рено со капацитет од 98 кВч. Тоа е батерија што се вградува во Сеник Е-Тек 220 Лонг Рејнџ.

Од „напредните“ технологии, Филанте располага со електронски контролиран систем за управување и сопирање, карбон за дел од каросеријата, алуминиумски легури и скалмалој, односно алу-легура израотена со тридимензионачен печатар.
Добронамерен обид, ако целта на Рено со овој Филанте беше да ја насмее сцената.
















