за

Opel Rocks-e: Микровозилата се цареви во градот

Opel Rocks. И навистина, Opel царува, во новата ера на градското секојдневие, кога се пристапува многу поразумно кон мобилноста и со поголема одговорност кон животната средина. Нормално, Rocks вози на струја.

OPEL ROCKS-E

Новиот Opel Rocks-e претставува пример за одржлива урбана мобилност. Станува збор за електрично возило што го нуди најосновното, но тоа воедно го бараат и ценат актуелните трендови во мобилноста. Микро-автомобилот, реално квадрицикл, нуди чист погон на струја, заштита од ветер и дожд, дизајниран е смело, гордо го носи знакот на Opel.

Со двоседот од 2,41 метар, Opel ја продолжува својата офанзива за електрификација. Германскиот производител на автомобили го проширува своето портфолио на модели со електрично возило што речиси секој може да си го дозволи, од млади почетници до урбани патници.

Нашиот нов Opel Rocks-e е бескомпромисен во секој поглед. Дизајнот е смел и чист, димензиите се екстремно компактни. Нашиот SUM вози чисто на електрична енергија и цената е непобедлива. Rocks-e овозможува паметна и функционална електрична мобилност за секого и ќе привлече големо внимание“, вели шефот за продажба и маркетинг на Opel, Штефен Норман.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Мотото е „Мојот прв Opel: Паметна, екстра кул мобилност во градот“

Новиот Opel Rocks-e очигледно е различен. Тоа е стилско мало возило за двајца, без штетна емисија, што се управува на најтесен простор. Најдобро од сè, Rocks-e е долг само 2,41 m, широк 1,39 m (без надворешните ретровизори) и тежи само 471 kg (со батеријата), што значи дека е официјално класифицирано како лесно моторно возило.

Паметниот билет на Opel за влез во електричната мобилност нуди досег до 75 km според WLTP, а брзината му изнесува до 45 km/h. Ова го прави идеален за секојдневниот градски сообраќај – не само за младите возачи, туку и за тие што сакаат да патуваат без емисија на штетни гасови и не сакаат да поминат долго време во потрага по паркинг место. Тркалата од 14” и кругот на вртење од само 7,20 m го прават Rocks-e идеален за град, совладувајќи тесни свиоци и вклопувајќи се во мали паркинг места.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Батеријата од 5,5 kWh на Opel Rocks-e може целосно да се наполни за околу 3,5 часа преку кој било стандарден приклучок за домаќинство. Придружниот кабел за полнење долг три метри е фиксно вграден во возилото и едноставно се извлекува од совозачката врата потребно. Opel нуди адаптер за полнење на јавен полнач.

Вратите се отвораат во различна насока, не недостига Opel Vizor

Rocks-e го има новото лице на брендот, Opel Vizor, заедно со LED предни светла и трепкачи. Вратата има симетрична форма и тоа е дел од смелиот и чист изглед на овој SUM (Sustainable Urban Mobility, одржлива урбана мобилност). Совозачката врата се отвора нанапред, додека возачката врата се отвора наназад. Слична форма имаат предниот и задниот каросериски панел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во внатрешноста, двете седишта се поместуваат, за совозачот да има удобен простор за нозете. Просторот за глава е доволен дури и за луѓе повисоки од 1,90 m. И покрај компактните димензии, новиот Rocks-e нуди простор за багаж до 63 l во кабината, плус практична кука за торба за пазарење со XXL-големина.

Кокпитот ги исполнува барањата на модерната млада генерација: јасен и фокусиран на најважните работи. Екранот ги покажува брзината, режимот на возење (Drive, Neutral, Reverse), наполнетоста на батеријата, преостанатиот досег и километражата. Практичните детали вклучуваат држач за телефони сместен на централната конзола. Услугите како што е апликацијата „myOpel“ обезбедуваат дополнителни практични информации.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Благодарение на компактните димензии и големите прозорци, возачите на Opel Rocks-e уживаат во одлична прегледност. Осветлена, пријатна атмосфера во внатрешноста обезбедува стандардниот панорамски стаклен покрив – невообичаен за возило од оваа ценовна категорија. Rocks-e е достапен во три карактеристични нивоа на оременост: Opel Rocks-e, Opel Rocks-e “Klub” и Opel Rocks-e “TeKno”.

Името „Rocks“ има традиција кај германскиот производител на автомобили. До неодамна Opel ADAM Rocks и Opel KARL Rocks внесуваа дополнителна оригиналност на брендот.

Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia го престигна Hyundai во продажбата на домашниот пазар

Mercedes-Benz Citan е последен транспортер со обичен мотор