за

Зголемен досег за електричните Opel Corsa-e и Mokka-e

Со неколку технички зафати, досегот на електричните модели Opel Corsa-e и Mokka-e се зголеми на 359, односно 338 километри.

Континуираниот развој на Opel Corsa-e и Opel Mokka-e им донесе значително зголемување на досегот на двата модели – не само во официјалниот циклус WLTP, туку и при возење во реални услови.

Со едно полнење на батеријата, наградуваниот Opel Corsa-e, кој беше претставен во 2019 година, сега може да помине до 359 km (со А+ пневматици, што Opel ги испорачува на одредени пазари) според WLTP, што претставува зголемување за 15 km. Досегот на Mokka-e, којa беше пуштена во продажба во 2020 година и неодамна ja освои наградата „Златен управувач за 2021“, се зголеми на 338 km (со А+ пневматици) во истиот мерен циклус.

Зголемувањето на досегот е постигнато, меѓу другото, преку оптимизација на HVAC (греење, вентилација, клима уред) и погонските системи на Opel Corsa-e и Opel Mokka-e.

Ефикасноста на топлинската пумпа, која ја загрева и лади внатрешноста и стандардна опрема е кај двата модели, сега е уште поголема од порано. Топлинските пумпи се поефикасни од конвенционалните HVAC системи, бидејќи повеќе ја поштедуваат енергијата во батеријата, во корист на досегот на возење. Клиентите ќе ги забележат подобрувањата особено при возење во зимските месеци.

Дополнителен придонес во зголемувањето на досегот имаат новиот преносен однос на менувачот и пневматиците од класа А+ од 16 инчи (Corsa-e) и 17 инчи (Mokka-e).

Opel Corsa-e и Opel Mokka-e се дел од сеопфатната офанзива за електрификација на германскиот производител богата со традиција. Opel нуди на пазарот електрични возила во дури девет моделски серии, вклучувајќи лесни комерцијални возила и патнички автомобили. Портфолиото на возила на брендот ќе биде целосно електрифицирано до 2024 година. Opel целосно ќе се фокусира на електрични возила со батерии во Европа од 2028 година.

(Соопштение за печат од Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot и Opel)

>>> Opel Corsa-e Rally извозе многу „напната“ сезона

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како авто-производителите постигнаа рекордни заработки во чип-кризата

Peugeot 308 во финале за Автомобил на 2022 година во Европа