за

Opel разви електрична Corsa Moon II наменета за вселенски туризам

Opel најави автомобил за забава, што користи енергија од сонцето и наменет е за идните истражувања на вселената.

Најнапредна технологија работи во Opel Corsa Moon II, почнувајќи од ласерски светла за непознатите површини да бидат осветлени најдобро што може, до отпорни тркала со мрежа од никел и титаниум.

Големи се изгледите дека човештвото во блиска иднина ќе почне со туристички посети на вселената. Opel го препозна тој тренд и меѓу првите производители почна да работи на решенија за мобилност и за истражување на планетите што се далеку од Земјата. Тоа е сосем во согласност со пионерскиот дух на германската марка.

Од седиштето во Риселсхајм денес пристигнаа информации и слики од новиот концепт на возило за вселената. Неговото име е Opel Corsa Moon II. Марката под знакот на молњата ќе биде прва компанија што во средината на деценијата ќе понуди туристички излети во вселената. И тоа е во согласност со начелата на марката, за новите технологии да се направат достапни за колку е можно поширок круг корисници.

Како основа за месечевиот автомобил на Opel служи електричната Corsa-e, еден од најпродаваните електрични автомобили на пазарот. Corsa Moon II е опремен со технологии коишто имаат за цел да понудат комфор, сигурност и перформанси за возење по Месечината.

Соларен погон, ласерска технологија и мрежести тркала: Електрично возило за вселенската ера

При конструирањето на возилото биле користени искуствата стекнати со концептниот автомобил Corsa Moon од 1997 година. Развојниот тим оцени дека соларната енергија е најдобра опција за погон на возило за Месечината. Вградените соларни ќелии ја полнат со енергија батеријата од 500 kWh на одржлив начин. Corsa Moon II може да мине до 7.000 километри според нормата ULTP (Universe-wide harmonised Light-duty vehicles Test Procedure).

Вселенското возило на Opel е прво во коешто се вградуваат новите приспособливи светла Intelli-Lux® Laser Light. Ласерските светла работат побрзо и попрецизно од сите технологии досега. Секое светло содржи мали ласерски модули, што создаваат светлосен сноп чијшто досег се движи до неколку илјади метри. Ласерските светла на Opel се илјадапати посилни од постоечката ЛЕД-технологија.

Подвозје за вселенски излети: Исклуичително издржливи тркала и големо растојание од подлогата

Безвоздушните тркала се уште една голема иновација кај вселенскиот автомобил на Opel. Тркалата се изработени од мрежа и нудат одлично држење. Изработени од никел и титаниум, тие се исклулително еластични, и секако, не постои можност тие да се продупчат.

Долж целиот кокпит е поставен дисплеј. Посебноста на тој дисплеј е во тоа што на него се прикажуваат положбите на останатите возила што се наоѓаат во туристичка посета на Месечината. За тоа се користи врска со геостационарните сателити.

Нека ни е весел 1-ви април.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes најавува премиера на првиот електричен Maybach

Новата електро-платформа на Renault е полесна и подостапна