Каква улога низ историјата одиграа моделите Caravan на Opel, доволно сведочи тоа што зборот караван честопати се користи во секојдневието за кој било автомобил со комби-каросерија. Тоа е уште едно големо историско поглавје на Opel, а почна во 1970 година.
Пред точно седум децении, Opel го претстави новиот модел Olympia Rekord на Меѓународниот Салон на Автомобили ИАА во Франкфурт и направи сензација. Новата генерација на Olympia Rekord, покрај вообичаената лимузинска форма, беше понудена и како комби.
Тоа беше голема новина, затоа што освен Opel Olympia Rekord Caravan, во 1953 година не постоеше друг германски производител, со комби модел во својата понуда. Моделот беше елегантен, а во исто време и практичен. Caravan, кованица од „ car and van“, беше мошне звучно име, и одеднаш сите зборуваа за караванот на Opel
На претстојниот салон ИАА, што сега дополнително го носи името Мобилити, и од 2021 година се одржува во Минхен, место во Франкфурт, Opel повторно ќе одржи историски важна премиера на „караван“ модел. Марката со молњата, во баварската престолнина, од 5-ти до 10-ти септември, ќе го прикажува првото комби од германска марка со електричен погон – Opel Astra Sports Tourer Electric. Риселсхајм повеќе не го користи името Caravan, меѓутоа поимот остана.
Германската марка во концернот Stellantis го цени својот нов модел како „динамичен, комфорен, исклучително практичен, и пред сé, модел без локална емисија на штетни материи, којшто совршено одговара за секојдневно користење или за патувања на одмор со целото семејство.“
Opel Olympia Rekord Caravan почна нов тренд
Уште во раните 1950-ти, Opel Olympia се изработуваше и во доставна изведба, за брза испорака на пратки. Но, вистинската револуиција следеше со сосем новата Olympia Rekord, на салонот во Франкфурт во 1953 година.
Opel првпат понуди патничко комби за семејствата, покрај ванот со затворени прозорци назад што беше наменет за занаетчии и компании. Името на комби-моделот беше Caravan.
Рекламите за Opel Olympia Rekord Caravan порачуваа дека тоа е „совршено возило што хармонично спојува убавина и практичност – во работните денови за испораки на клиентите, во викендите за пријатна релаксација“.
Задната клупа се соборуваше заради удвојување на товарниот простор. Предните седишта се преклопуваа нанаред, за полесно да се пристапи назад. Примерна беше и вредноста од 480 килограми за носивоста.
Olympia Rekord Caravan освојуваше симпатии и со штедливиот 1,5-литарец со 40 КС. Крајната брзина од 115 km/h беше повеќе од доволна во тоа време. Сцената го обожуваше моделот, така што немаше двоумење дали Риселсхајм и во иднина ќе го задржи овој концепт во својата понуда.
По десет години следеше новиот модел, Kadett A Caravan. Тоа беше прв компактен комби на Opel, достапен за поширок круг купувачи. Opel владееше со тој пазарен сегмент.
Opel Astra Sports Tourer Electric е најновото продолжение на поглавјето – овојпат на струја
Риселсхајм повторно се наоѓа во пионерска улога, затоа што на ИАА во Минхен ќе го понуди првиот германски комби со електричен погон – поточно, прв таков модел наменет за пошиурокиот пазар, затоа што прв е Porsche со својот Taycan Sport Turismo.
Погонот е истиот како во комбилимузината, што значи елеткромотор од 115 kW (156 КС) од новата генерација, со 270 Nm вртежен момент. Opel дозволува електричната Astra да вози десетина километри побрзо, па лимитот е поместен на 170 km/h.
Багажникот стандардно располата со зафатнина од 516 литри, а со соборување на клупата се добиваат до 1.553 литри простор.