Опел ја стави Астра на третман за разубавување

Од концернот со 12+1 автомобилски марки, во моментов од фабриките излегуваат само три класични компакти: Пежо 308, Фиат Типо и Опел Астра. Тоа укажува колку е вредно името на германската икона. Риселсхајм ја стави Астра на третман за разубавување.

Опел ја третира Астра како да е од заштитен вид, затоа што наскоро ќе биде единствен класичен компакт во целиот Стелантис, покрај Пежо 308

Опел ја гледа новата моделска година на својата Астра како „помодерна, појасна и со посилно зрачење“. Повторно се во игра маската, што во Риселсхајм си ја нарекуваат Визор, затоа што личи како визор на кацига, потоа светлата и седиштата.

Опел Астра го имаше своето големо појавување на бината уште во јануари, на салонот на автомобили во Брисел, којшто е на сигурен пат да ги преземе „купувачите“ од одамна згаснатиот, но важен салон во Женева. Македонскиот увозник Еуроимпекс објави старт за нарачките за новата моделска година на својот втор класичен компакт, покрај Пежо 308, којшто патем, исто така имаше освежување.

Од Опел повторно нагласуваат дека Астра е дизајнирана, развиена и се произведува во Риселхајм. Германската марка си ја почитува историската мисија, а тоа е новата технологија од скапите автомобили во светот, колку е можно поскоро да ја примени во своите возила.

Гамата на новата Опел Астра на македонскиот пазар ја сочинуваат:

  • Астра 1.5 Дизел 130 КС, со цена почнувајќи од 26.490 евра,
  • Астра Хибрид 145 КС, со цена почнувајќи од 27.900 евра,
  • Астра Плаг-ин Хибрид 196 КС, со цена почнувајќи од 39.900 евра и
  • Астра Електрик 156 КС, со цена почнувајќи од 39.300 евра

Од сите погонски изведби е достапна комби-изведбата Спортс Турер.

Цените не се сменија многу со фејслифтот, но се добива повеќе. Електричната Астра доби батерија од 58 кВч, со којашто досегот е продолжен до 454 километри.

Сменет визор и светлечка молња во средината

Разликата со моделот од пред фејслифтот се воочува јасно, во новиот дизајн на визорот, којшто ги следи линиите на Грандленд, а од него го презема и осветленото лого. Цртите во носот се инспирирани од концептот Опел Корса ГСЕ Вижн Гран Туризмо. Од тоа може меѓу другото да се насети дека и новата генерација на Корса, што доаѓа веројатно в година, ќе презеде голем дел од изгледот на концептот.

Нов дизајн добија и тркалата од 17 и 18 инчи, а со тоа одат и два нови металик лакови „контурно бела“ и „детелина-зелена“. По желба, покривот може да биде црн.

Меѓу ретките модели во компакт класата, Астра може да се нарача со интели-лукс светла со висока дефиниција, со преку 50.000 светлечки елементи, што се приспособуваат според условите и возењето. Опел тврди дека светлата, меѓу другото, помалку ги заморуваат очите на возачот при ноќно возење. Се избегува и непријатниот отсјај од знаците при пуштено долго светло. Во врвното ниво Ултимејт, овие светла се стандард.

Интели-седишта уште во основната моделска изведба

Астра претрпе неколку зафати и во внатрешноста, вклучувајќи и промени во графиката. Тоа што е уште поважно, секако се Интели-седиштата, што сега се вградуваат уште во основниот модел, и се одликуваат со врвна ергономија. Во спортската изведба ГС, стандард се ортопедски АГР-седишта. Со доплата за РиЊуКнит, двете предни седишта се АГР.

Графиката во екраните е сменета, во насока на помодерен стил, но и подобра читливост.

Претходна објаваШефот на Би Уај Ди предупреди дека само најсилните производители ќе преживеат
Следна објаваАвтонова стартуваше со продажба на Липмотор, поради субвенцциите прво во Србија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here