за

Opel Astra славенички ја извозе 160-та година на германската компанија

Во 160-та година од основањето на компанијата на браќата Опел, вниманието главно се вртеше околу новата генерација на Opel Astra.

Многу наелектризирана јубилејна 160-та година за Opel, со шестата генерација на Astra, којашто од самиот почеток на продажбата пролетоска е достапна и во изведба со приклучен хибриден погон. На тема струја се надоврза и Mokka-e, којашто на германскиот пазар е најпродаван модел со електричен погон во сегментот. Се зборуваше многу и за GSe, каде што исто така има електромотор во погонот. Уште поголеми новини на тема електричен погон следат в година.

Пред неколку денови, Opel ја потсети автомобилската сцена на еден модел од пред 110 години, на Opel 5/12 HP. Тоа е еден од првите модели на автомобили коишто биле достапни за широк круг купувачи. Секако дека не е случајност, тоа што Opel се наврати на тој модел, затоа што при одбележувањето на 160-годишнината, германската марка често нагласуваше дека и по сите години останува верна на своето исконско кредо, да се понудат автомобили со достапна цена. Уште едно „наследство“ од историјата на марката е обврската новите технологии, колку е можно побрзо, да се направат достапни за широк круг купувачи.

Славеничката година почна пролетоска со премиерата на Opel Astra. Печат остави и Opel Mokka, којашто во изведбата Mokka-e се продава подобро во својот сегмент од кој било друг електричен автомобил на германскиот пазар. Секако не остана кусо и Corsa, најпродаван модел на германскиот пазар во класата на градските автомобили.

Corsa исто така се нуди во електрична изведба. Opel толку верува во електричниот погон, што заедно со клубот ADAC го организира Opel e-Rally Cup, прв куп на една марка, којшто се вози со електрилни автомобили. Годинава се возеше втората сезона на купот.

Тоа што електричната Corsa го постигна за освежување на спортскиот имиџ на Opel, се искористи за најава на новата подмарка модели со електрифициран погон, со славната ознака GSe. Во оваа спортски нагласена серија ќе се нудат Astra GSe и Grandland GSe, со вешти зафати во подвозјето, но и со ексклузивни седишта, со печатот AGR што веќе 20 години се поврзува со германската марка.

По 160 години од основањето, Opel направи клучен чекор и во погонската технологија што допрва треба да го доживее својот подем. Тоа е погонот со водород и со горивни ќелии, којшто е вграден во Opel Vivaro-e HYDROGEN и којшто веќе се наоѓа во редовна служба кај клиентите. Вкупно 12 различни модели со електромотор во погонот, тоа е понудата на Opel во моментов, било да се тоа чисто електрични, хибридни или водородни возила.

Годината 2022 беше исклучителна за Opel“, кажува извршниот директор на Opel, Флориан Хуетл. „Со воведувањето на новата Astra, што за првпат е електризирана, влеговме во нова ера. Нашите – исто така електрични модели – Corsa и Mokka, покажуваат како изгледаат вистински бестселери во сегментот на градските автомобили. Доследно ја продолживме нашата електрична офанзива – межу другото со транспортерот со водороден погон Vivaro-e HYDROGEN. Во целина, 2022 беше година, во којашто продолживме да напредуваме во насока на целосно електрична марка во Европа.“

Биланс на успехот: 160 години Opel, 40 години Opel Corsa, 30 години Opel во Ајзенах

Opel одбележуваше голем јубилеј во 2022 година. Пред 160 години, Адам Опел во Риселсхајм го постави темелот на компанијата, којашто од фабрика за машини за шиење, преку најголем производител на велосипеди во светот, прерасна во светски значајна автомобилска марка.

Роденден славеше и еден од најголемите бестселери. Opel Corsa беше големо освежување во класата на градските автомобили, кога првата генерација се појави во 1982 година. Моделот денес е во шестата генерација и го поседува истиот младешки и слободен дух како при пазарниот старт пред 40 години. Електричната верзија Opel Corsa-e освои и „Златен Волан 2020“. За јубилејот, фановите можат да посегнат по специјалната серија „Opel Corsa 40“ , во којашто бројни детали се изведени по пример на историскиот модел. Серијата ќе се изработи во вкупно 1.982 примероци, како симболика за годината на појавување на Corsa.

Годинава објавувавме и за 30-годишнината на фабриката во Ајзенах, којашто низ историјата се докажа како еден од најголемите работодавци во регионот. Таму денес се произведува големиот Grandland, секако вклучувајќи ја и неговата изведба со приклучен хибриден погон,

Новата Opel Astra е носителка на титулата „Златен Волан 2022“

2022 година ја одбележа и новата Opel Astra. Во мај, шестата генерација ја прослави својата импортерска премиера. Целосно нова, опремена со иновативни технологии како што е целосно дигиталниот Pure Panel cockpit или адаптивните Intelli-Lux LED Pixel Light светла без отсјај, како и со елегантниот, смел дизајн, вклучувајќи го новото лице на брендот Opel Vizor, посетителите кај импортерите/дилерите можеа да го тестираат оваој модел – за прв пат, исто така, како електрифициран plug-in хибрид. Одзивот беше огромен, а нарачките големи.

Читателите и стручното жири на AUTO BILD и BILD am SONNTAG се согласуваат дека Opel влегува во нова ера со Astra. Тие на есен им ја доделија на Astra и Astra Sports Tourer наградата „Златен управувач 2022“. Последната генерација на најпродаваниот модел ја победи силната конкуренција и ја освои една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија како „Најдобар автомобил до 50.000 евра во Германија“.

Во исто време, “Auto Oscar” замина во Риселсхајм по трет пат по ред. Во 2020 година, Opel Corsa-e ја освои посакуваната награда, а минатата година Opel Mokka-e ги освои највисоките признанија. Opel Mokka-e стана бестселер со својот дизајн, технологии и соодветност за секојдневна употреба. Во октомври и ноември беше најпродаваниот целосно електричен автомобил во сегментот B-SUV во Германија. Во ноември, не помалку од 65 проценти од сите клиенти на Mokka се одлучија за електричната верзија, без емисија.

Динамичен, инспиративен и електрифициран: новиот под-бренд GSe

Исто така наесен, Opel објави: „GSe“ се враќа – во ново, свежо руво. Онаму каде што порано кратенката значеше „Grand Sport injection“, таа сега станува нов спортски под-бренд на Opel и значи „Grand Sport electric“. Моделите на Opel GSe комбинираат одлична динамика на возење со иновативна електрификација и ќе бидат на врвот на соодветната серија модели во иднина. Plug-in хибридите Opel Grandland GSe (потрошувачка на гориво според WLTP: 1,3 l/100 km, емисија на CO2 31-29 g/km; комбинирано, прелиминарни вредности) како и Astra GSe и Astra Sports Tourer GSe ќе биде достапна наскоро.

Opel го електрифицира моторспортот: импресивен рекорд на рели спортот во 2022 година

Opel исто така буквално го електрифицираше меѓународното рели за сезоната 2022 година. Лорен Пелје и Opel Corsa Rally4 доминираа на јуниорското Европско рели првенство (JERC), освојувајќи ја петтата јуниорска европска титула за Opel. Во исто време, ADAC Opel e-Rally Cup се етаблира како првиот електричен рели куп и продолжи со својот подем. Во рели трките кои беа исто толку тешки и разновидни, тимовите се бореа за бодови и трофеи на Opel Corsa-e Rally. На овој начин, организаторите покажаа како електричниот рели спорт може да инспирира. Следната година купот влегува во третата сезона!

Од Opel Rocks-e до Opel Vivaro-e HYDROGEN: Е-офанзивата во полн ек

Дури и со најмалите и најголемите модели во гамата на Opel, производителот оди по својот пат во однос на електрификацијата. Opel Rocks-e, на пример, ги прави подвижни младите од 15-годишна возраст во Германија и носи свежина во сегментот на лесни возила како иновативно електрично возило за двајца. Од оваа година првите клиенти се зад управувачот на Opel Vivaro-e HYDROGEN. Пионерскиот транспортер на водородни горивни ќелии покажува колку е разноврсна електричната мобилност во комерцијалниот сектор. Тоа е идеално решение за клиентите на возниот парк кои сакаат да поминат долги растојанија без локални емисии и треба брзо да наполнат гориво. Кога е целосно наполнет со гориво, може да помине до 400 km (според WLTP). Полнењето гориво со водород трае само три минути.

OPEL VIVARO-E HYDROGEN

Сè на сè, Opel целосно ја искористи 2022 година, повторно преземајќи огромни чекори кон станување целосно електричен бренд во Европа до 2028 година. Токму тоа е патот по кој компанијата ќе продолжи да оди во наредната година – со модели како што е првата целосно електрична Astra Electric и многу други иновации.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спортската лимузина на Kia заминува со посебна серија од 1.000 примероци

Alfa Romeo ќе се пробива со квалитет на пазарот во САД