Спортската лимузина на Kia заминува со посебна серија од 1.000 примероци

Stinger е моделот што за Kia го разви Алберт Бирман, некогашен главен техничар во BMW M GmbH. Тоа беше голема пресвртница за Kia, со којашто марката внесе врвна динамика во имиџот на своите модели. Дојде време Stinger да си замине, а наследникот веќе е тука, иако многумина не го препознаваат како таков. Тоа е EV6, електричниот кросовер, со 585 КС во GT-изведбата.

Завршната серија од Kia Stinger ќе се изработи во 1.000 примероци, именувана Stinger Tribute Edition. Како основа за моделот служи изведбата со 3,3-литарски твин-турбо V6, во врвното ниво на опременост GT. Посебност на серијата е каросеријата лакирана во аскот-зелена боја. Може да се избере и новата мат сива боја наречена „мунскејп“. На тоа доаѓаат уште ретровизори лакирани во сјајна црна боја, истата боја што ја носат и сопирачките клешти од Brembo и тркалата од 19 инчи.

Во внатрешноста се изведени бројни зафати во поглед на дизајнот и примената на материјали, за дополнително да се нагласи спортскиот амбиент. Спортските седишта се обложени со отмена кафена кожа, што се користи и на воланот и на вратите. Горниот дел од средишната конзола е облагороден со панел со изглед на карбон, на што се надоврзуваат и украсни елементи во истиот стил во вратите.

Амблем што симболизира оса – достојно на името Stinger – е втиснат во потпирачите за глава. Спортската лимузина го доби името по брзата реакција на 3,3-литарскиот V6. За еклузивноста на моделот сведочи серискиот број што е наведен во плочката на прагот на возачката врата. Тоа е знак дека станува збор за примерок од серијата што ќе се изработи во само 1.000 примероци и достапна е глобално.

https://photos.app.goo.gl/QUKv5xze8UXWFcTEA

https://photos.app.goo.gl/hiuGvyoXcBi5fRz7A

Претходна објаваШто е рекуперација кај хибридните модели, објаснува „професор“ Mercedes
Следна објаваOpel Astra славенички ја извозе 160-та година на германската компанија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here