Посебна програма за зачувување на животната средина во градот Њујорк им овозможува на граѓаните да заработат доколку снимат и пријават камиони и автобуси чијшто мотор е оставен да работи во место подолго од три минути. Некои од тоа заработуваат шампионски.
Во градот Њујорк веќе година и пол важи закон за заштита на животната средина, со којшто се забранува камиони и автобуси со повеќе од 15 седишта да останат со вклучен мотор додека мируваат во место подолго од три минути. Со пријавување на случаи на прекршување на законите може за кусо време да се заработи висока парична сума. ТВ-каналот NBC сними прилог со извесен Доналд Блер, кој за мошне кусо време заработил 125 илјади долари.
Законот за заштита на животната средина е уште построг за случаи кога тешки возила се оставаат со вклучен мотор во близина на училишта. За тие случаи, лимитот е една минута, сé над тоа време е прекршок. На жители што ќе поднесат пријави за вакви случаи, им припаѓаат 25 проценти од паричната казна што е пропишана за прекршокот. Доказ за прекршокот е снимка подолга од три минути. Во снимката треба да биде опфатено и името на фирмата на којашто ѝ припаѓа возилото.
Откако законот е стапен на сила, до градот Њујорк се доставуваат повеќе од 12.000 пријави годишно
Системот е исклучително делотворен. Пред законот да стапи на важност, до Градот биле пријавувани одвај десетина случаи на возила чијшто возачи не го изгаснале моторот при мирување на возилото во место. Само во минатата година, Њујорк регистрирал повеќе од 12.000 пријави.
New Yorker Donald Blair has made $125,000 for reporting idling commercial vehicles to the city's Department of Environmental Protection. That makes him the highest earner under the Citizens Air Complaint Program so far, according to NBC New York. pic.twitter.com/iAbYtFdSwB
— NowThis (@nowthisnews) April 12, 2022
Видео материјалот се доставува до Агенцијата за заштита на животната средина на градот Њујорк. Потоа, на сопственикот на возилото му се одредува парична казна во висина од најмалку 350 долари. На поднесителите на пријавата им припаѓа една четвртина од паричната казна.