Шкотска тестира јавен превоз со автобуси без возач

Во Единбург појдоа првите самостојно управувани автобуси во Велика Британија. Доколку двонеделното тестирање мине успешно, автобусите од летово ќе почнат да превезуваат патници.

Тестирањето на „безвозачките“ автобуси во главниот град на Шкотска ќе се одвива на рута во должина од 22,5 километри, меѓу Единбург и полуостровот Фајф. На таа рута, автобусите ќе возат самостојно и по 2,5-километарскиот мост Форт Роуд.

Заради безбедност, во големите градски автобуси ќе биде присутен возач, кој ќе биде подготвен да реагира доколку вештачката интелигенција погреши при процените. Така бараат и законите во Кралството. Станува збор за долга серија тестирања, во којашто претходно се користеа помали автобуси во Лондон, Кембриџ и Бирмингем. Наскоро ќе започне слично тестирање и во Инвернес.

Проектот требаше да започне уште во 2019 година, но и тие планови ги наруши пандемијата, вклучувајќи го нејзиното влијанието врз синџирот добавувачи за техниката за автопилотирано возење

Пет градски автобуси ќе сообраќаат самостојно управувани, на релации од паркот Феритол и Рајд во Фајф, и железничката станица во Градскиот парк во Единбург. Автобусите располагаат со сензори и контролни системи, што овозможуваат тие самостојно да управуваат по утврдена рута, без потреба од безбедносен возач. Законите во земјата пропишуваат задолжително присуство на возач во автобусот, чијашто задача ќе се сведува само на следење на работата на напредната техника.

Доколку тестирањето мине целосно успешно, автобусите со капацитет за 36 патници, од летово ќе вршат редовен превоз, со капацитет за 10.000 патници неделно.

Одговорните за проектот веруваат дека ќе биде укината обврската за присуство на безбедносен возач. Во автобусите ќе има службено лице, задолжено за самите патници и за превозот.

Претходна објаваStellantis го купи бизнисот на Mercedes и BMW за изнајмување автомобили
Следна објаваЊујорчанец заработил $125K од пријавување камиони што работат во место

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here