Производителите на автомобили и во 2023 година ќе продолжат да балансираат со претставување на модели со мотори со внатрешно согорување, коишто им носат добра заработка, и претставување на модели со чисто електричен погон, коишто се поскапи, но се од клучно значење затоа што со нивната нулта емисија на СО2 помагаат вкупната емисија на штетниот гас да се задржи под лимитот на ЕУ.
Пример за балансот што производителите мораат да го постигнуваат во својата понуда од модели е BMW. Баварците в година ќе лансираат нова генерација на серијата 5 во лимузинска и комби изведба, заедно со нејзина електрична варијанта под ознака i5. Во исто време, марката Mini, којашто е дел од групацијата BMW, во Англија ќе ги произведува своите модели со мотор со внатрешно согоривање, додека парнерот Great Wall во Кина ќе ги произведува електричните модели на Mini.
Понудата од малечки СУВ-модели ќе продолжи да се зголемува, меѓу другото со новите модели на Toyota и Honda. Голема новина ќе биде електричната верзија од новиот малечок СУВ на Fiat, којашто користи иста техничка основа со Jeep Avenger. Првиот целосно електричен модел на американскиот специјалист за теренци ќе се произведува во фабриката на Fiat во Тихи, Полска.
Од Volkswagen се чека ID.7, електричен автомобил со којшто германскиот примус ќе ѝ конкурира на Tesla Model 3. Тоа е најголемиот противник на Volkswagen на светскиот пазар, во делот на електричните возила, што продава повеќе возила. Најголем пазар за ID.7 ќе биде Кина, меѓутоа моделот ќе биде достапен глобално.
Преглед на главните моделски новитети во текот на 2023 година
BMW
Серија 5 (Слика: auto motor und sport)
Нова генерација на серијата 5 се очекува кон крајот на 2023 година. Автомобилот ќе ја корити тековната платформа CLAR, што е наменета за сите модели со заден погон. Можно е во врвната спортска изведба да се користи хибридниот приклучен погон од XM. Во понуда ќе биде и чисто електрична изведба i5.
XM
Големиот СУВ со приклучен хибриден погон XM е првиот самостоен модел што е развиен од спортскиот огранок M GmbH, по култниот BMW M1 од 1970-те години. XM цели во сегментот на спортските луксузни СУВ-модели, кон Lamborghini Urus и Aston Martin DBX.
Ferrari
Purosangue
Првиот модел на Ferrari со четири врати, кросоверот Purosangue, се очекува да започне со испорака во вториот квартал од 2023 година. Со почетна цена од 390.000 евра во Италија, Purosangue со мотор V12 ќе биде втор најскап модел на Ferrari од редовната понуда, по SF90. Крајната брзина изнесува над 310 km/h, спринтот до темпо сто трае 3,3 секунди.
Fiat
600 (слика: auto – moto . com)
Нов СУВ-модел ја дополнува понудата на Fiat во 2023 година. Тоа ќе биде близнак на варијантите на Jeep Avenger со бензински мотор и со електричен погон. Двата нови модели ќе се произведуваат во фабриката на концернот Stellantis во Тихи, Полска. Се претпоставува дека новиот модел ќе се води како Fiat 600, ознака што торинската марка веќе ја има користено во историјата.
Jeep
Avenger
Американската марка веќе одамна го најави Avenger како нов модел. Toa е прв Jeep со целосно електричен погон, но и втор модел на марката во сегментот на малечките СУВ. Avenger ќе конкурира во најпродаваниот сегмент на европскиот пазар, заедно со познатиот Renegade, којшто користи сосем различна платформа. Новиот модел ќе се продава во електрична изведба во најголемиот број од пазарите, додека во Италија и Шпанија ќе се нуди и во верзија со бензински мотор. Новиот Jeep ќе се произведува заедно со сестринскиот модел на Fiat во фабриката во Полска.
Honda
ZR-V
Меѓу малечкиот и стилски HR-V и господскиот CR-V од средната класа, Honda го додава новиот ZR-V, во својата понуда од СУВ-модели. Малку детали се познати досега, единствено е потврдено дека новиот модел ќе се нуди само во верзија со хибриден погон.
e:Ny1
Јапонскиот производител ќе воведе во својата понуда на европскиот пазар и целосно електричен СУВ под ознаката e:Ny1. Тој ќе им конкурира на Opel Mokka, Peugeot 2008 и други модели на струја во класата.
CR-V
Гамата на новата генерација на СУВ-моделот од средната класа CR-V ќе се состои од изведби со хибриден погон и изведби со приклучен хибриден погон. Тоа ќе биде прв модел со хибрид со можност за надворешно полнење на батеријата, што Honda ќе го продава во Европа.
Maserati
GranTurismo
Единствената луксузна марка на концернот Stellantis конечно ќе го обнови својот GranTurismo, со верзии на благородното купе со чисто електричен погон и со бензински мотори. Новиот GranTurismo чини околу 50.000 евра повеќе од претходникот, чиешто производство престана во 2019 година. Цената сега: Најмалку 200.000 евра.
Mercedes-Benz
E-Class
Mercedes-Benz E-Class секако дека е еден од најважните новитети во 2023 година. Најефикасната моделска изведба во гамата ќе биде приклучен хибрид со батерија од 28,6 kWh, што на лимузината и комбито ќе им дава досег на струја од преку сто километри. Марката со сребрената ѕвезда веќе има електричен пандан на E-Class, тоа е EQE што стартуваше со продажба во 2022 година.
EQE SUV
Првите примероци од EQE SUV може да се очекуваат во салон, а потоа и на улица, уште во почетокот на 2023 година. Првиот континтент во декември полна да се произведува во фабриката на Mercedes-Benz во Венс, Алабама. EQE SUV поседува батерија од 90 kWh, шпто овозможува досег од 590 километри.
Mini
Countryman
Новиот компактен СУВ на Mini ќе се произведува во фабриката на групацијата BMW во Лајпцих, Германија, место во Холандија. Првпат во гамата на Countryman ќе се нуди и чисто електрична изведба, покрај варијантите со бензински и дизел мотор.
Mini 3-door
Иконскиот модел на британската марка влегува во нова генерација. Електричната верзија ќе се извезува во Европа од фабриката на групацијата BMW во Кина, каде што автомобилот ќе се произведува во соработка со Great Wall Motor. Наспроти тоа, фабриката на Mini во Оксфорд, Англија, ќе ја произведува верзијата на новиот модел со 3 врати со бензински мотори.
Smart
#1
Првиот нов автомобил на Smart, што е развиен откако марката заеднички ја поседуваат Mercedes-Benz и кинескиот Geely, користи чист електричен погон и се води под ознаката #1 (hashtag 1). Станува збор за мал кросовер со досег до 440 километри. Моделот #1, што ќе се појави во салоните во 2023 година, конструиран е врз платформата SEA на Geely, кинески концерн, што меѓу другото е сопственик на Volvo Cars, Volvo и други марки.
Opel
Astra Electric
Верзија со чисто електричен погон се придружува во гамата на германскиот компакт, во класична изведба со пет врати и како комби. Батеријата од 54 kWh е идентична со онаа во Peugeot e-308. Со хемија што се базира врз висок удел на никел, батеријата овозможува досег до 416 километри.
Peugeot
3008
Peugeot во 2023 ќе ја претстави третата генерација на компактниот СУВ-модел 3008. Уште отсуствуваат какви било детали од француската марка, единствено е извесно дека гамата ќе се состои од изведби со приклучен хибриден погон и изведби со 1,2-литарски бензинец.
Renault
Espace
Renault ќе понуди пролдолжена изведба од својот СУВ-модел Austral, со седум седишта, како замена за некогашната моделска серија ванови Espace. Моторите се претпоставува дека ќе бидат истите како во неодамна стартуваниот Austral. Покрај верзии со благ хибриден погон, ќе се нуди и модел со полн хибриден погон, како врв во гамата.
Skoda
Superb
Skoda го најави новиот модел од средната класа Superb, својата најпретставителна и најпрестижна лимузина. Новиот знаменосец ќе се произведува заедно со техничкиот близнак Volkswagen Passat во фабриката на групацијата во Братислава, Словачка. Актуелната, трета генерација, се произведува во една од трите домашни фабрики на марката, во Квасини. Исто се очекува премиера на Passat, меѓутоа засега нема конкретни најави, затоа што многу од плановите се сменија под новиот шеф на концернот Оливер Блуме.
Toyota
Мал СУВ-модел со електричен погон
Јапонската марка ќе понуди на европскиот пазар малечок електрилен СУВ-модел, којшто ќе им конкурира на Peugeot e-2008 и Opel Mokka Electric. За новитетот се знае малку, единствено е сигурно дека моделот ќе се продава под подмарката bZ, што е специјализирана за електричен погон.
Volkswagen
ID7
Тоа е одговорот на Volkswagen на Tesla Model 3, за којшто се претпоставува дека ќе биде означен со ID.7. Веќе во самиот почеток на годината, на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас, во првата недела од јануари, ќе биде прикажан концептен автомобил што ќе биде мошне блиску до идната сериска верзија. Досега познат како ID Aero, електричниот модел ќе ја користи платформата MEB на Volkswagen. Се очекува и комби изведба. Аеродинамичната каросерија ќе има клучна улога за постигнувањето досег до 620 километри со батерија од 77 kWh.
Passat
Волфсбург ќе го прикаже својот нов Passat во 2023 година, во лимузинска и комби изведба, пред продажбата да стартува во 2024 година. Новиот модел ќе биде технички мошне сличен со идната Skoda Superb.
Volvo
EX90
Големиот СУВ-модел со седум седишпта и со електричен погон, Volvo EX90, стартува со испорака во 2023 година. Конструиран врз платформата што е наменета исклучиво за возила со електричен погон, знаменосецот на шведската марка располага со батерија од 111 kWh. Моќноста изнесува 517 КС во посилната изведба, досегот се движи до 600 километри. Инфо-забавниот систем користи средишен дисплеј од 15 инчи, којшто работи со посебна верзија на оперативниот систем Google Android што е наменета за автомобили.