Nissan испорача 110 примероци од електричниот Leaf на компанијата Sibag којашто ги полни и дистрибуира пијалоците на Coca-Cola на Сицилија. Погонот на струја постигнува фантастичен напредок на островот со прочуено минато. Само Sibag располага со 68 станици со полначи за електрични автомобили
Светскиот шампион во електромобилноста Nissan и компанијата Sibag, којашто ги полни и дистрибуира пијалоците на Coca-Cola на Сицилија, веќе неколку години работат на одржливата мобилност на големиот остров. Соработката сега ја достигна втората фаза, со испораката на 110 примероци од Nissan Leaf и со поставувањето на осум станици со брзи полначи.
Sibeg во меѓувреме изгради мрежа од полначи низ цела Сицилија, којашто вклучувајќи го новите брзи полначи, сега се состои од вкупно 68 станици. Комерцијалистите на компанијата можат да ја наполнат батеријата на својот Nissan Leaf за само 40 до 60 минути, до 80% од капацитетот.
Во 2015 година на Сицилија имало само три станици со полначи
Двете компании очекуваат дека проширувањето на мрежата дополнително ќе го поттикне интересот на Сицилијанците за електричниот погон. Лани користењето на електричните возила забележало раст од 135% во споредба со преклани. Во 2015 година, кога е започната соработката, на островот постоеле само три станици со полначи.
Во 2015 година, Sibeg стана првата компанија во Европа којашто вклучи електрични автомобили во својот возен парк, вклучувајќи и неколку електрични скутери за помалите острови.
Преку оваа соработка, животната средина на Сицилија е поштедена од 363 тони СО2. За оваа количина да се апсорбира во период од една година, потребни се 27.225 дрва.
















