Јужна Америка ја преполовува царината за автомобили од ЕУ

volkswagen бразил меркосур

Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај, четири јужноамерикански држави коишто ја сочинуваат трговската зона Меркосур, најавуваат преполовување на царината за автомобили произведени во ЕУ. Тоа е добредојдена вест за браншата во време кога САД се закануваат со воведување големи давачки за европските возила

Јужноамериканската трговска зона Меркосур е во преговори со ЕУ за намалување на увозната царина за европските автомобили за 50 проценти. Во Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај, четирите држави коишто ја сочинуваат оваа трговска зона, царинската стапка за автомобилите од ЕУ моментно изнесува 35 проценти. Планот е царината за овие автомобили да се преполови за следните седум години, на 17,5 проценти.

Во моментов се утврдува максималната квота од европски автомобили коишто би се увезле на големиот јужноамерикански пазар со повластената царинска стапка. По седумгодишниот период, царината ќе се намалува постепено, сé додека не се укине целосно по наредните осум години.

Меркосур ќе ги продолжи преговорите со ЕУ. Се очекува во текот на следниот месец да биде склучен договор за воспоставување слободна трговска зона. Производителите на автомобили гледаат голем потенцијал за раст на пазарот во Јужна Америка, особено во Бразил, кадешто повеќето марки се присутни со сопствени фабрики. Лани на бразилскиот пазар се продале повеќе од 2,2 милиони возила, вклучувајќи доставни возила и камиони.

Претходна објаваИ на Сицилија почна да се вози Nissan на струја
Следна објаваВо Пандино се собраа 365 сопственици на Fiat Panda

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here