Во овие станици не се полни батеријата, се заменува со полна

Nio, еден од пионерите на пазарот на престижни електрични возила, во соработка со Sinopec ја пушти во работа првата станица за замена на батерија од 2-ра генерација. Двата партнери во иднина ќе создаваат широка мрежа од вакви станици.

Во Кина веќе постојат над 190 станици во коишто празната батерија на електричните автомобили на Nio се заменува со полна. Новата генерација на овие станици на Nio е прва во свет што потекнува од сериско производство. Целата постапка е автоматска. Во секоја станица се наоѓаат 239 сензори и четири компјутерски системи што се поврзани со податочен облак. За замената, корисникот треба единствено да го потврди тоа на дисплејот во возилото. Станицата може да изврши до 312 замени на батерија дневно.

Партнерот Sinopec е една од најголемите нафтени компании во Кина, но е клучна алка и за развојот на електромобилноста во земјата. На тој начин се надоместува за емисијата на СО2 од експлоатацијата на нафта и нејзини деривати. Sinopec се трансформира од традиционален дистрибутер на нафта во компанија за енергетика, односно за нафта, гас, водород, струја и останати бизниси што не се поврзани со нафтата. Планот е во следните години да се постават 5.000 станици за брза замена на батерија во возилата на Nio.

Основан во ноември 2014 година, Nio моментно вработува повеќе од 7.000 лица во центри за истражување, развој, дизајнирање и производство во Шангај, Пекинг, Сан Хозе, Минхен, Оксфорд и други градови ширум светот. Во 2015 година, компанијата беше главен спонзор на победничкиот тим во првата сезона во Формула Е. Во следната година, EP9 постави рекорд за електрични возила на Нирбургринг. Првиот примерок од електричниот СУВ-модел ES8 беше испорачан на 28-ми јуни 2018 година. Од септември истата година, Nio котира на Вол Стрит. Во јануари годинава, компанијата го претстави Nio ET7, прва електрична лимузина со автопилот од највисоко ниво на автономија.

>>> Гром од кинеското небо: Nio го произведе 100.000-от електричен автомобил

Претходна објаваТвинго Куп: Фантастичен резултат на Македонците на Хунгароринг
Следна објаваПрвото товарно моторно возило во светот го изработи Дајмлер во 1896 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here