Илија Нечев, жител на Калифорнија, тврди дека неговата Ферари 458 Италија од 2010 година, што тој ја купил во 2020 година, има „проблеми со сопирачките“ уште од денот кога тој ја купил. На сопственикот на Ферари, што судејќи по името потекнува од нашиве пошироки простори, му се случувало „делумно или целосно да се изгуби работата на сопирачките.“
Против Ферари е поднесена тужба во којашто италијанскиот производител е обвинет дека не се погрижил да поправи „опасен дефект за безбедноста“, на системот за сопирање на некои од своите спортски модели, иако биле издадени повеќе сервисни повици.
Тие повици во сервис не биле повеќе од „привремена корективна мерка“ за еден од пријавените видови на проблеми со сопирачките. Со тоа илјадници возачи на Ферари биле оставени во небезбедни возила, пишува во предложената групна тужба, што во понеделникот била поднесена во судот во Сан Диего.
Илија Нечев, жител на Калифорнија, обвинува дека неговата Ферари 458 Италија од 2010 година, што тој ја купил во 2020 година, има „проблеми со сопирачките“ уште од денот кога тој ја купил и дека се соочил со „делумно или целосно губење на делувањето на сопирачките.“
„Во една ситуација, тужителот возел по надолина со брзина од околу 50 милји на час (84 км/ч) и додека се подготвувал да изведе скршнување вдесно под 90 степени, тужителот притиснал врз сопирачката,“ меѓутоа автомобилот не запрел, педалата за сопирање била тврда, а и покрај префрлувањето во понизок степен, немало притисок во сопирачките, стои во тужбата.
Кога Нечев го пријавил тоа кај неговиот дилер на Ферари, му било кажано дека тоа е сосем „нормално“.
Во доброволен сервисен повик издаден во октомври 2021 година, Ферари Северна Америка утврдил дека има проблем со протекување на хидрауличната течност за за сопирачките, што можела да влијае врз делувањето на сопирачките.
Во 2022 година бил издаден сервисен повик од поголем обем и Ферари ги опфатил и возилата во Германија, Кина и Јапонија, стои во тужбата.
Светскиот добавувач Роберт Бош, за којшто тужителот кажува дека е производител на неисправните делови, исто така се наведува како туженик.
Ферари е под обвинение дека не и извесил клиентите за целосниот обем на дефектните сопирачки, што Нечев цели дека може да се поправи само со замена на главниот сопирачки цилиндар.
Место тоа, компанијата продолжила „да продава (или да ја искористува продажбата) илјадници автомобили што го содржеле овој дефект што е опасен по животот,“ се наведува во тужбата.
Случајот се води како Нечев против Ферари Северна Америка Инк., 24-цв00516.
















