БМВ лани ја зголемил продажбата на електричните за 75 проценти

Маржата на БМВ за последниот квартал од минатата година е за малку под предвидувањата, поради зголемените трошоци и сменетиот моделски микс, со тоа што помалку се продавале поскапите модели на марката.

Баварците во вторникот објавија дека маржата за последните три месеци од минатата година изнесувала 8,5 проценти, што е малку под предвидувањата на аналитичарите. Европските индустриски компании се соочуваа со долготрен период на високи цени на енергијата.

Наспроти претходниот период, додека производителите користеа од натрупаниот број на нарачки за нови автомобили, за годинава се предвидува дека ќе се нормализира состојбата со нарачките, во услови кога забавува побарувачката за електрични автомобили и голем дел од Европа се соочува со слаб економски раст.

Мерцедес-Бенц во минатиот месец ги коригираше предвидувањата за продажбата на своите електрични модели и прогнозира намалена заработка за 2024 година.

Баварскиот производител предложи дивиденда од 6 евра по акција. Тоа е под ланските 8,50 евра, кога исплатата беше зголемена поради целосното консолидирање на бизнисот на БМВ со кинескиот произвоидител Брилијанс, се наведува во соопштението од Минхен.

БМВ соопшти и дека побарувачката за нивните модели со бензински мотори во јануари го достигнала својот врв и дека растот во продажбата понатаму ќе доаѓа од електричните автомобили.

Целта на Минхен за годинава е да се продадат половина милион електрични возила, што соодветстува приближно на една петина од вкупната продажба.

Испораките на ЕВ лани пораснаа за 75 проценти, главно поради високата побарувачка за моделите како што е лимузината и4.

Прометот на целата групација во последните три месеци од ’23 достигнал 43 милијарди евра. Тоа е повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

Групацијата БМВ (заедно со Мини, Ролс-Ројс) го зголемила прометот за 8,7 проценти во периодот октомври-декември на 42,9 милијарди евра, додека чистата добивка достигнала 20 проценти, со вредност од 2,6 милијарди евра, што е над прогнозите.

Претходна објаваФерари ја тужат во САД поради непоправање дефект на сопирачките
Следна објаваЕлектричните забавуваат, хибридните ја забрзуваат продажбата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here