
Како што објавивме претходно, Фолксваген во 2025 година ја презеде од Тесла титулата на најпродавана електрична марка на западноевропските пазари. На Тесла сепак ѝ остана титулата на најпродаван модел со електричен погон. Следат десетте најпродавани батериски електрични автомобили.
Шампионскиот наслов во конуренција на марки му припадна на Фолскваген, како најпродавана марка батериски електрични автомобили во минатата година, меѓутоа Тесла го задржа шампинскиот наслов во конкуренција на модели.
Тесла Модел Ипсилон и во 2025 година беше најпродаван БЕВ, со 151.331 возило. Но, шампионското место на Тесла како електро специјалист веќе е разнишано. Од десетте најпродавани батериски електрични автомобили во Европа, единствено Тесла Модел Ипсилон и Тесла Модел 3 имаат посериозен пад во продажбата.
Кај СУВ-моделот од средната класа, продажбата опаднала за 28 проценти, додека лимузината Модел 3 изгубила 23,6 проценти од пазарот во 2024 година. Наспроти тоа, сите останати модели во Топ 10 имаат најмалку двоцифрен раст, со исклуок на Шкода Енијак, чијашто продажба имаше пад од 2,3 проценти.
Пазарот на батериски електрични автомобили во Европа зеде нов замав во 2025 година, со раст од 29,7 проценти и дополнително продадени 591.639 автомобил во минатата година. Меѓутоа, Тесла не само што не учествуваше во пазарниот раст, туку е и најголемиот губитник.
Според аналитичарите, тоа се должи на застарените модели на Тесла, на силната конкуренција од традиционалните марки и доаѓањето нови и подостапни модели со погонна струја.















