за

Иранското производство на нафта на ниво како пред 40 години

Експлоатацијата на сирова нафта во Иран лани паднала речиси на најниско ниво во последните 40 години.

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Лани производството на сирова нафта во Иран изнесувало помалку од два милиони барели дневно. Според анализата на американските институции, во земјата се експлоатирало нафта приближно исто колку во почетокот на 1980-те години.

Повеќе фактори влијаеле за Иран да ги експлоатира своите нафтени ресурси на речиси најниско ниво во последните 40 години. Според американскиот завод за енергетска статистика, за падот придонеле забавувањето на економијата во светски рамки поради пандемијата и меѓународните санкции за иранската сирова нафта, што го ограничија извозот на сирова нафта.

Иран располага со огромни ресурси од сирова нафта и природен гас. На крајот на 2020 година, резервите на Иран изнесувале 25 проценти од вкупните резерви на Средниот Исток и 12% од глобалните резерви од нафта. Иако Иран е членка на Опек, земјата е исклучена од контролираното производство во рамките на договорот Опек+, поради тоа што производството на сирова нафта е ограничено под санкциите што ги воведоа САД.

Извозот и производсвото на сирова нафта бележат пад откако САД во мај 2018 година се повлекоа од заедничкиот акциски план и воведоа санкции за извозот на нафта од Иран. Производството се одржуваше на околу 2,6 милиони барели дневно во првите неколку месеци од 2019 година. Властите во Вашингтон дозволија отстранување на санкциите за неколку држави увознички на иранска нафта. Откако заврши поштедата од санкциите во мај 2019 година, производството падна на 2,1 милиони барели дневно.

Од 2,5 милиони барели дневно во 2017 година, извозот на сирова нафта од Иран лани паднал на помалку од 0,4 милион барели дневно.

Повеќе од половината од иранската нафта во 2020 година била извезена во Кина. Поголемиот дел од таа нафта се водел како да се увезува од Малезија, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати, Ирак и Оман.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bosch ќе испорачува техника за производство на батерии за автомобили

Toyota ќе ја брани шампионската титула на Леман во следниот викенд