за

Bosch ќе испорачува техника за производство на батерии за автомобили

Главниот добавувач на автомобилските фабрики Bosch планира да продава и машини за производство на батерии за електрични автомобили. Концернот се надева на одличен бизнис, пазарот цвета.

Технолошкиот концерн Bosch гледа голема шанса за новата деловна гранка додека масивно расте побарувачката за батерии и очекува по 2025 година да постигнува промет во висина од 250 милиони евра со продажбата на машини за производство на батерии.

Bosch ќе го искористи своето искуство во производството на машини и на компаниите ќе им продава цели фабрички постројки за производство на батерии. Новото деловно подрачје се очекува по 2025 година да постигнува промет во висина од 250 милиони евра. Компанијата и самата произведува батерии. Во фабриката во Ајзенах моментно стартува сериското производство на 48-волтни батерии од втора генерација, наменето за возила со благ хибриден погон. Годинава ќе се вложат вкупно 70 милиони евра во фабриката во Ајзенах.

Светскиот пазар за батерии бележи исклучителен раст. Од 200 GWH потреба од литиум-јон батерии во 2019 година, побарувачката до 2030 година ќе се зголеми на повеќе од 2.000 GWH батерии. Повеќе од 60% од оваа потреба на глобално ниво отпаѓа само на електрификацијата на погонската спрега во возилата.

Bosch има комплетна понуда од решенија, од 48-волтна хибридизација, преку чисто електричен погон, до погон со горивни ќелии, односно со водород. Логото на компанијата се среќава на батериска техника во најразлични подрачја, почнувајќи од автомобилски акумулатори, преку електрични велосипеди, до електрични и кујнски уреди.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еден од секои нови десет автомобили во Германија е електричен

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Иранското производство на нафта на ниво како пред 40 години