за

Toyota ќе ја брани шампионската титула на Леман во следниот викенд

Следната сабота е вистински долг ден за Toyota, актуелниот шампион ќе ја вози легендарната 24 часа Леман во одбрана на титулата.

Тимот на Toyota за мотоспорт, „третата марка“ на концернот, Toyota Gazoo Racing, следната сабота ќе вози да ги докаже своите заслуги. На класичниот 24-часовен маратон на Леман, во неговото 89-то издание, првпат ќе се возат хиперавтомобили, кои ги заменуваат некогашните скапоцени ЛМП1-прототипи.

Откако Toyota постигна хет-трик на последното издание на 24 часа Леман со тркачките прототипи TS050 Hybrid, годинава тимовите ќе се впуштат во предизвикот со GR010 Hybrid. Победата со хиперавтомобилите што ги заменуваат ЛМП1-прототипите ќе биде вистински доказ за способноста на Toyota да триумфира и во мотоспортот.

Актуелните светски шампиони Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез, кои ќе стартуваат со хиперавтомобилот со број 7, доминираа на маратонот во 2019 и 2020 година. Механичките проблеми сепак го спречија триото да постигне победа на Леман. Во тековната сезона, тие триумфираа на 6 часа Монца во минатиот месец. Следен предизвик е победа на најголемата трка на годината.

Најголемите конкуренти им возат во истите фабрички бои. Себастијен Буеми и Казуки Накаџима победуваа три пати во низа на патеката во Ла Сарт, последниот пат комплетирани со Брендон Хартли. Триото моментно го води првенството, по победите на 6 часа Спа Франкоршамп и 8 часа Портимао. Тие имаат посебна мотивација, со шансата да остварат „Quadruple“, четири победи во низа.

Високите пласмани на Леман носат двојни бодови, затоа победата на класичниот маратон може однапред да го реши исходот на сезоната. По три од шест трки во светското првенство во издржливост, Toyota има предност од 30 бодови. Буеми, Накаџима и Хартли сепак имаат само 6 бодови предност пред своите тимски колеги.

Јубилеј за Toyota на Леман: Во следниот викенд, Toyota десетти пат ќе учествува на Леман со автомобил со хибриден погон

Во досегашните учества на Леман, Toyota победуваше трипати, поаѓаше од првата позиција на пет трки и вкупно деветпати се искачуваше на подиумот.

Леман со своите 13,626 километри е еден од најтешките тестови за возачот и за техниката, со 25.000 префрлувања на степен, 4.000 километри под полна гас и повеќе од два милиони завртувања на тркалата.

По подготвителните возења во понеделник и вторник, во среда следи петчасовен тренинг и квалификација. Во четврток се возат уште пет часови тренинг, по што следи 30-минутна сесија за хипер-пол позиција. Toyota во 21 часот ќе ја почне борбата за петтата пол-позиција во низа. Трката почнува во сабота во 16 часот, пред 50.000 гледачи. Учествуваат 62 автомобили и 186 возачи. Првпат на Ла Сарт се возеше маратон во 1923 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Иранското производство на нафта на ниво како пред 40 години

Во Renault знаат како изгледа добро кампување