за

Новиот рекорд за најскапо продаден Mitsubishi Lancer Evo е 100.100 фунти

Британскиот огранок на Mitsubishi продаде 15 возила од историската збирка, вкупниот приход е близу половина милион фунти. Неколку автомобили достигнаа мошне високи цени.

На онлајн-наддавање со повеќе од 2.000 регистрирани купувачи и 1.287 понуди од цел свет е постигната највисоката цена за Mitsubishi Lancer Evo во светски рамки. Примерок од шестата генерација, од специјалната серија во чест на Томи Макинен, достигна 100.100 фунти.

Британскиот огранок на Mitsubishi одржа јавно наддавање на коешто ги понуди возилата од сопствената историска збирка. Сосем очекувано, Mitsubishi Lancer Evolution VI Tommi Mäkinen Edition предизвика најголем интерес, а соодветно на тоа достигна и цена од 100.100 фунти. Тоа е повеќе од претходниот рекорд поставен во 2017 година во САД, за Evo IX со нула километри.

Висока цена постигна и Mitsubishi Lancer Evolution IX MR FQ-360 by HKS, кој на новиот сопственик му вредеше 68.900 фунти. Тоа е трета највисока вредност за култното моделско име на јапонската марка.

Lancer Evolution X, со сериски број 40 во серија од 40 возила со спецификација FQ-440 MR, кој е последниот Evo продаден во Британија, се продаде за 58.100 фунти. Заедно со Mitsubishi Lancer Evolution IX Group N Works Rally Car, четирите примероци од Lancer Evo учествуваат со 60% во вкупниот приход од продажбата.

Останатите модели од историската збирка на Mitsubishi Motors UK

Colt Lancer 1.4 Standard 2-Door Mk1 (прв Mitsubishi во Британија) · £15,000

Colt Galant 2000 GLII · £11,600

Galant GLSi rally replica · £12,500

Shogun Mk1 (Pajero) · £16,000

Mitsubishi Jeep J27 · £20,600

Shogun Mk2 V6 SWB · £9,600

Outlander PHEV (2015) · £16,000

L200 Desert Warrior (2015) · £30,100

Starion · £21,100

Mitsubishi 3000GT · £24,500

>>> Новиот Mitsubishi Outlander е „и-фу-до-до“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Vitara Hybrid доби изведба со автоматски менувач

Во Норвешка и камионите возат на струја