за

Mitsubishi Outlander бил најпродаван СУВ со приклучен хибрид лани

Пионерот на приклучниот хибриден погон, Mitsubishi Outlander PHEV, ја заврши минатата година во Европа како најпродаван СУВ и втор најдобро продаван модел со овој вид погон на пазарот.

MITSUBISHI outlander plugin hybrid germanija

Во Европа лани биле продадени 26.673 примероци од Mitsubishi Outlander PHEV. Еден од најголемите единечни пазари за СУВ-моделот со приклучен хибриден погон е Велика Британија. Од вкупната европска продажба на моделот, 3.736 отпаѓаат само на островската држава.

Mitsubishi Outlander PHEV (Plug-in Hybrid Electric Vehicle) официјално е најпродаван СУВ-модел со приклучен хибриден погон во Европа лани, со вкупно 26.673 продадени примероци. Моделот што долго време беше единствен со овој вид погон, лани бил втор најпродаван плагин-хибрид во Европа.

Outlander „со три мотори“ уште рано по својата комерцијализација во Европа пристигна и кај македонскиот увозник Мак Аутостар, приближно во истиот период со уште еден електро-пионер на Mitsubishi, за многумина „херојскиот“ i-MiEV. Но, по првичното „ура“ и солидната институционална поддршка за електромобилноста, условите на нашиот пазар се сменија драстично, така што Македонија jа пропушти шансата уште рано да заплови по електро-бранот што го покрена Mitsubishi.

СУВ-моделите со приклучен хибриден погон веќе ги има неколку дузини. Премиум марките не пропуштаат да понудат плагин-хибрид, и нивните клиенти се повеќе „расположени“ за екстра-технологијата.

За сето ова време, како што Outlander PHEV се нуди на пазарот, најмногу интерес за моделот има на британскиот пазар. Од стартот во 2014 година, досега во земјата се продадени 53.000 примероци од Outlander со еден бензинец и два електромотори. Лани во Британија се продале 3.736 примероци, заедно со 320 изведби на моделот како доставно возило.

Истражувањето што го спроведе Mitsubishi во Велика Британија, покажа дека 70% од постоечките сопственици на возило со приклучен хибриден погон би избрале целосно електричен модел како свој следен автомобил, наспроти само 27% од возачите на автомобил со обичен погон.

>>> Тест: Mitsubishi Electric Vehicle

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

турбо дизел знак

Внимателно за дизелот да не замрзне при претстојните студови

брзи возови франција

Франција: Ако авионскиот лет не е подолг од 2,5 часа, тогаш воз