Mitsubishi L200 е најсветскиот модел на марката со трите дијаманти. Некои модели може да се продаваат повеќе во Европа или во САД, други се повеќе за Јапонија, но овој пикап минува исто на сите пазари ширум светот. Минува и по секаков терен.
Тој важи како автомобил што е „професионалец за професионалци“. Mitsubishi L200 не го запира ниту вода, ниту кал, снег, камен, а најмалку асфалт. Кај пикапот и светска ѕвезда на Mitsubishi, единствено прашање може да биде само: Како да направам Mitsu да се пробива уште подалеку?
Без разлика дали се работи за уживање, за хоби или за професионални цели, возењето надвор од асфалтот не е проблем со Mitsubishi L200. Со специјален пакет за терен, што се нуди на германскиот пазар по цена од 1.950 евра, растојанието од подлогата се зголемува за уште 30 до 45 милиметри. Во исто време се постигнуваат и подобра ефикасност и комфор на амортизацијата.
Втора ставка што стои на располагање и се надоврзува со претходната е заштита за подвозјето (778 евра во Германија). Таа е изработена од алуминиумска ламарина со форма што е добиена со ладно извлекување. Со неа се заштитуваат ладилникот, моторот, менувачот, разделните преносници, како и резервоарите за гориво и за адблу.
Со теренскиот пакет за проширување на крилата (965 евра), возилото добива 60 милиметри во ширина. Целата оваа надградба ја заокружува штитникот од камења (906 евра), што е изработен од нерѓосувачки челик со посебна површинска обработка со прашок и се прицврстува директно на рамката.