за

По електричните тротинети и велосипеди доаѓаат четирицикли на струја

Лесни четирицикли со електромотор што го потпомага вртењето педали е новиот вид превозни средства по велосипедските патеки.

По електричните тротинети и велосипеди доаѓаат четирицикли на струја

Се зголемува разновидноста од возила по велосипедските патеки. Најновиот вид има четири тркала, кабина, две седишта, волан, педали и електромотор. Нема потреба од дозвола, комотно се совладуваат и подолги растојанија, по секакво време.

Метежот од автомобили во градските центри наскоро ќе стане минато. Електричните скутери и велосипедите со помошен електромотор веќе одамна се дел од секојдневието. Но, секој не сака или едноставно не може постојано да се вози на две тркала. Други, пак, сакаат да бидат повеќе заштитени од временските влијанија. Решение за овие случаи нуди новиот вид возила за низ град. Тие имаат покрив, а може и да се патува во двојка.

Големи компании се вклучија во бизнисот со новите видови возила, а меѓу нив е Bosch, кој уште од 2010 година продава погонски електромотори и денес е лидер во браншата. Mahle го следеше овој чекор во 2018 година. Уште еден влијателе добавувач што е дел од големиот бизнис е Schaeffler. Тие сепак направија чекор понапред и споија електричен велосипед со лесен четирицикл.

Лесните четирицикли можат да придонесат за смалување на метежот во центарот, особено во доставата, како замена за тешки и гласни комбиња со нечист издув

Резултатот од тоа е Biohybrid. Пластичната школка нуди чувство на заштита, напред има ветробран со бришач, вградени се и трепкачи, а има и рикверц, за полесно паркирање и маневрирање. Biohybrid е широк 85 сантиметри, висок е 1,5 метар и долг е 2,3 метри. Батеријата е доволна за да го олеснува вртењето на педалите до вкупно 50 километри (100 km со втора батерија). Полнењето струја е на обичен приклучок.

New item by Automedia MK / Google Photos

Целна група за био-хибридот се луѓе што имаат подолг пат до работното место, млади семејства, повозрасни лица на кои велосипедот им е несигурен, но и младината. Меѓу најголемите предности секако e тоа што може да се вози во двојка и патувањето да мине побрзо низ разговор. Производителот цени дека потребата од овие возила во следните години ќе се зголемува рапидно првенствени меѓу повозрасните граѓани, имајќи предвид дека Европа постојано старее.

За секојдневието со Biohybrid да минува беспрекорно, сепак е неопходна напредна и широка мрежа од велосипедски патеки. Возилата од овој вид често се користат и за достава и генерално за логистика во централното градско подрачје. Може да настане проблем, кога Biohybrid и сличните возила треба да се престигнат по тесна или заштитена велосипедска патека. Во тој случај нема доволно простор и се создава застој. Затоа, градските планери мора да земаат превид дека се зголемува разновидноста од возила по велосипедската патека, а тоа бара пошироки и подобро осмислени патеки.

New item by Automedia MK / Google Photos

Biohybrid е совршен и за т.н. Car-Sharing, односно за јавно достапен возен парк, со возила што секој може да ги изнајми буквално на улица, да ги користи за патување до своето одредиште и да ги остави на местото, за подоцна друг корисник да го преземе возилото од тоа место и да го користи за својата потреба.

Технички податоци · BioHybrid Duo

  • Номинална моќност 250 W
  • Највисока брзина (со електро-помош) 25 km/h
  • Помош при поаѓање: До 6 km/h
  • Електромотори, број: 2
  • Батерија 1 (литиум јон, пренослива)
  • Опција за додавање 2ра батерија
  • Напон 48 V
  • Капацитет на батерија 1.2 kWh
  • Досег до 50 km
  • Погон Bio-Hybrid со асистенција за педали
  • Подвозје: Суспензија на предна и задна оска
  • Сопирачки: Хидраулични диск сопирачки на сите тркала
  • Полнење при сопирање Да
  • Паркирна сопиорачка Да
  • Менувач Автоматски (4 режими)
  • Рикверц Да (електро)
  • Број на тркала 4
  • Големина на тркала 24 инчи
  • Осветлување Вградени диодни светла напред и назад
  • Стоп-светло Да
  • Трепкачи Напред и назад, плус безбедносни трепкачи
  • Ретровизори Да
  • Сирена Да
  • Звучници Да (во кокпит)
  • Поврзување со апликација Да (smartphone/smartwatch, Android, iOS)
  • Инструменти 5-инчи дисплеј на допир со автоматски ноќен режим
  • Конективност Wi-Fi/4G/Bluetooth/GPS/NFC
  • USB-полнач Да
  • Навигација Navigation Plus (2 години)
  • Бришачи Да
  • Стаклен покрив Да
  • Багажник со брава: 12 литри (под задно седиште)
  • Должина | Ширина | Висина 2250 | 874 | 1560 mm
  • Меѓуоскино растојание 1532 mm
  • Ширина на трага 804 mm
  • Тежина околу 120 kg
  • Патници 2
  • Боја Бела
  • Полнач Bio-Hybrid полнач (230 волти, шуко)

>>> (од 2019 г.) Овој четирицикл со електро-помош влегува во производство в година

schaeffler bio hibrid
schaeffler bio hibrid

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi L200 terenski paket

Mitsubishi L200 е прво теренец, а потоа пикап

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Од првата саудиска нафта во 1938 година до „Peak Oil“ во 2020