за

Фабрика на Mitsubishi користи струја добиена од сонцето

Mitsubishi Okazaki fabrika PV
Mitsubishi Okazaki fabrika PV

Во фабриката на Mitsubishi во Оказаки е во тек поставување на фотоволтаички панели на покривот, како и акумулаторска станица којашто се состои од стари батерии од електричните возила на марката. Системот ќе произведува по 3 гигаватчасови струја годишно. Секако, во фабриката се произведуваат електрични автомобили.

Фабриката во Оказаки, во префектурата Аичи, еден од главните производствени капацитети на Mitsubishi за електрични автомобили, ќе добие еден од најголемите системи во Јапонија за производство на струја од енергијата на сонцето. Целта е фабриката да ја намали емисијата на јаглероден диоксид, со користење енергија од обновливи извори.

Посебноста на системот ќе биде во акумулаторската станица, во којашто ќе се акумулира вишокот енергија и којашто се состои од стари батерии од електричните возила на Mitsubishi. Капацитетот на овие батерии е намален на 70% од првичниот и со тоа повеќе не може да се користат за погон на автомобил, но сосем е доволно за стационарна примена.

Со користењето струја од сонцето, фабриката на Mitsubishi во Оказаки ја поштедува атмосферата од 1.600 тони СО2 годишно

Поставувањето на фотоволтаичките панели на покривот на фабриката во Оказаки започна во октомври лани, а се очекува системот да започне со работа во мај 2020 година. Инсталираниот капацитет во почетокот ќе изнесува 3 мегавати, односно годишното производство на струја ќе достига по 3 гигаватчасови. За натаму се планира проширување на капацитетот.

Фабриката ќе ја користи струјата од соларните панели и со тоа ќе постигне намалување на емисијата на СО2 за околу 1.600 тони на годишни ниво. Акумулаторската станица, пак, со стари батерии од Mitsubishi Outlander PHEV, ќе располага со максимален капацитет од 1 мегаватчас.

New item by Automedia MK / Google Photos

Струјата од сонцето ќе послужи за покривање на периодите во коишто фабриката има максимална потреба од струја. Системот со акумулаторската станица ќе се користи и како таканаречена виртуелна електрана, помагајќи за стабилизација на локалната електрична мрежа.

Во случај на елементарна непогода, Mitsubishi ќе ја пренасочи енергијата од акумулаторската станица во гимназијата во кругот на фабриката, којашто е одредена како прибежиште во случај на евакуација.

https://www.instagram.com/p/B6pMqbaoFjt/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

хибриден камион дакар ZF

Камион на Рели Дакар ќе вози со хибриден погон

Renault Clio V најпродаван модел Франција

Renault Clio десет години е најпродаван автомобил во Франција