МИНИ јавува за успешна година, продаде преку 100.000 електрични автомобили лани

Во марката МИНИ се задоволни од минатата година. Продажбата на светскиот пазар порасна за 17 проценти, а посебно задоволство доаѓа од зголемената побарувачка за целосно електричните модели.

Британската марка ја заврши 2025 година со продадени 288.290 возила, што е далеку над претходната година. На сликата е МИНИ Купер Ц на тестот во Аутомедиа

Вкупно 105.535 возила со целосно електричен погон и со знакот на МИНИ им се испорачани на возачките и возачите ширум светот во минатата година, повеќе од кога било досега.

Едно од секои три нови МИНИ регистрирани на сите страни на светот во 2025 година, е целосно електрично МИНИ. На некои пазари, уделот на БЕВ е дури и над 50 проценти, како што тоа е пример во Холандија, Шведска, Кина, но и Турција.

Жан Филип Парен, директор на марката МИНИ, порача: „МИНИ постојано го зголемува уделот на целосно електрични возила и со тоа ја докажува својата сила за да иновира и да се движи кон иднината.

Во меѓувреме е значително проширена понудата од електрични модели: Ејсмен, Купер со 3 врати и Кантримен.

Најголема заслуга за растот има и најголемиот модел на МИНИ, Кантримен. Тој учествува со 32,4% во вкупната продажба и воедно укажува дека марката, освен со „мини“ умее и со СУВ-возила.

Како што порачуваат од Оксфорд, тоа што купувачите ги привлекува кај Кантримен е спојот од возачко уживање со свеж изглед и со применливост насекаде, што создава одлични предуслови за впуштање во авантури.

Во 2025 година, МИНИ Кантримен (видеото од тестот во Аутомедиа) постигна продажба од 93.305 примероци на светскиот пазар, што е раст од 15,2 проценти. Точниот број напродадени примероци не се наведува, но затоа МИНИ сооппштува дека целосно електричната изведба на Кантримен лани имала раст од 81,8 проценти.

Рекордна продажба на подмарката Џон Купер Воркс

Нови рекорди и за подмарката Џон Купер Воркс, со 25.630 возила и раст од 59,5 проценти. Пазарот за врвните спортски изведби порасна најмногу во Велика Британија, Италија, Јапонија и Австралија.

Семејството модели МИНИ Купер

Традиционалното семејство на модели МИНИ Купер, што се состои од Купер со 3 врати, Купер со 5 врати и Купер Кабрио, лани освои 162.789 купувачи и постигна раст од 10,3 проценти.

Новиот МИНИ Купер Кабрио стартуваше лани и постигна 22.491 продажби, со раст од 18,4 проценти. Петвратниот Купер освои 47.850 купувачи, што е за 26,5 проценти повеќе од една година пред тоа.

Мини Купер · Тест · Зипуван Гран Туризмо

Во 2026 стартува МИНИ Пол Смит Едиција

Трите Купери годинава ќе бидат достапни во Пол Смит Едиција, и во бензинска и во електрична изведба. Оваа изведба користи детали во стилот на британскиот дизајнер Пол Смит. МИНИ третпат соработува со ова големо име на модната сцена.

Претходна објаваФолксваген планира да заштеди милијарда евра во производството
Следна објаваМекларен доби милијарди од холдинг од Абу Даби

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here