Електричното Mini веќе се продаде во 30.000 примероци

Од следната деценија, Mini ќе произведува само чисто електрични автомобили. Британската марка дотогаш ќе привлекува сé повеќе клеити со своите модели со чисто електричен или приклучен хибриден погон.

Во првите шест месеци годинава, уделот на возилата на Mini со електрифицирана погонска спрега достигнал 15 проценти во вкупната продажба на британската марка на светскиот пазар. Во вкупно 157.799 продадени возила Mini до јуни, што е за 32,6% повеќе од истиот период лани, возилата со електрифицирана погонска спрега учествуваат со 23.777 примероци.

Главниот удел за овој раст му припаѓа на чисто електричниот Mini Cooper SE, кој меѓу јануари и јули се продал во 13.454 примероци. Вкупно од почетокот на продажбата на првиот целосно електричен модел на Mini во минатата година, продадени се вкупно 31.034 примероци до јули.

Вториот модел со електрифицирана погонска спрега е Mini Cooper SE Countryman ALL4, со приклучен хибриден погон од „братскиот“ BMW 225xe Active Tourer, како и од BMW X1 и X2 со истиот погон. За шест месеци, неговата продажба пораснала на 10.323 примероци.

Посебноста на електричниот Mini со своите 184 КС е во возните својства. Батеријата што е вградена во подот придонесува за дополнително спуштање на тежиштето, што во комбинација со беспрекорното подвозје на Mini се грижи за единствена динамика во целиот сегмент на електрични автомобили. Во тоа се уверивме и ние за време на големата историска тура во којашто со Mini Cooper SE извозевме круг од близу 800 километри низ цела Македонија. Досегот во реални услови на возење се движи меѓу 203 и 234 километри.

Сосем е различен карактерот и чувствот во Mini Cooper SE Countryman ALL4 со погон на сите тркала и со моќност од 220 КС. Верзијата пред фејслифтот исто така беше на тест-возење во Аутомедиа, кога организиравме неколку посебни предизвици за трендовскиот мобил. Во новата верзија, Countryman со полна батерија минува до 59 километри, пред да се приклучи моторот.

Претходна објаваКлубот АДАК пристига на помош и при дефект на велосипед
Следна објаваOpel доби нов шеф, доаѓа од Renault

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here