за

Клубот АДАК пристига на помош и при дефект на велосипед

Сервисерите на автоклубот АДАК отсега и за велосипедистите пристигаат како помош во неволја.

Членовите на германскиот автоклуб АДАК што ќе имаат дефект на својот велосипед во градот Берлин и околината, отсега ќе добиваат бесплатна членска помош. Тоа може да е покаже како одлична идеја што ќе се прифати во бројни држави.

Жолтите ангели, како што се нарекуваат сервисерите на најголемиот автоклуб во Европа, во рамките на пилот проектот ќе помагаат првенствено при проблеми со гумите, синџирот, сопирачките, но и проблеми со батеријата кај електричните велосипеди. Од АДАК објаснуваат за овој широкоград чин: „Голем број наши членови сé почесто користат велосипед. Целта ни е да утврдиме колкав интерес ќе постои за оваа услуга и како истата ќе биде прифатена во јавноста“. Тестирањето ќе трае неколку месеци.

Секако дека техничарите на АДАК што ќе пристигаат за помош претходно ќе минат темелна обука и ќе бидат соодветно опремени со алат. Жолтите ангели (жолтата е заштитна боја на клубот) ќе пристигаат за помош на самото место, но ќе помагаат и велосипедот да се пренесе до најблиската сервисна работилница. Услугата ќе вклучува и обезбедување на товарот или багажот. Замислата е на членовите да им се овозможи да продолжат со возење за колку е можно покусо време и да се поштедат од непријатности.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Неколку факти околу електричните автомобили во Европа

Електричното Mini веќе се продаде во 30.000 примероци