Opel добива нов шеф во моментот кога во германската марка со богата традиција е во полн ек освојувањето на светскиот пазар, меѓу другото и Кина, а се постигнуваат и големи чекори во делот на електромобилноста. Досегашниот шеф Михаел Лошелер реши да замине од концернот Stellantis и да се впушти во нови предизвици.
Уве Хохгешурц ќе пристапи во тимот од топ-менаџери и директно ќе одговара пред извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес. Роден во германскиот град Келн, тој ја започнува својата кариера во автомобилската индустрија во 1990 година во Ford, кој има и фабрика во градот. Во 2001 година, Хохгешурц преоѓа во Volkswagen, а три години подоцна во Renault. Тој студира бизнис администрација во Германија (Вупертал и Келн), Велика Британија (Бирмингем) и Франција (Универзитет Дофин во Париз).
Карлос Таварес: „Срдечно му благодарам на Михаел Лошелер за тоа што заедно со вработените во Opel создаде силна и одржлива основа за компаниојата. Оваа впечатлива пресвртница го создава патот за светска експанзија на марката. Уведен сум дека Уве Хохгешурц, благодарение на своето повеќе од 30-годишно искуство во автомобилската индустрија, успешно ќе го испише новото поглавје на марката Opel. Му посакувам се’ најдобро на Михаел Лошелер за следниот чекор во неговата кариера.“
















