Данската престолнина е одредиште за луѓето што сакаат мода и дизајн, и го ценат релаксираниот животен стил. Mini се впушти во проверка на тие факти со Clubman. Со шест врати, моќен дизел и погон на сите тркала, стилското комби возеше по вообичаените шопинг-тури меѓу Тиволи и Амалиенборг.
За Копенхаген да се доживее во вистинското светло, најдобро е да се посети во јули или август. Животот во главниот град на Данска при летни температури се одвива покрај вода и на вода. Покрај пристаништето и по каналите на Копенхаген, данската младина се радува гласно. Тоа не важи само за кануа и глисери, туку и за необични пловила, како сплавови со двосед, ладилник и гласно озвучување поставени на нив.
Наспроти тоа, пасијата на данскиот народ за мода, култура и дизајн, може да се доживее во секое годишно време. Бутици со стил, вешто средени кафулиња и погоден спој од традиционална и современа архитектура се одлука на центарот на Копенхаген. Mini одлично се вклопува во оваа улична слика, како стилски индивидуалец.
https://photos.app.goo.gl/WBBbsX73BFpZJyGU8
Mini Cooper SD Clubman All4 го посети данскиот град возејќи вообичаена шопинг-тура. Со четири врати, издолжен покрив – и со главниот момент, двете задни врати што се отвораат странично – компактното комби има впечатлива појава. Британската марка со овој модел направи совремна верзија на класичен shooting-brake со посебен стил и висока практичност. За дволитарецот со 190 КС и приспособливиот погон на сите тркала All4 не постојат пречки.
Во речиси сите анкети, Копенхаген е на врвот меѓу градовите со највисок квалитет на живот
Копенхаген е често име на врвот на анкетите за градови со најдобар квалитет на живеење. За тоа придонесуваат водното опкружување, богатиот културен живот и развиениот јавен превоз. Градот е спој меѓу новото и старото. Забавниот парк Тиволи работи уште од 1843 година. Тој е веднаш покрај Советот што е изграден 50 години пдооцна и покрај главната железничка станица што е постара од 100 години.
https://photos.app.goo.gl/QJ7tJG1URXJRo9JQ8
Меѓу главните туристички одредишта е центарот Нухавн, „новото пристаниште“, изграден во 17-от век, за централниот дел од градот да се поврзе со водата. Куќите од двете страни на пристаништето се омилен фотографски мотив и место со престижни продажни салони, кафулиња, барови и ресторани.
Од 17-от век потекнува и кралскиот дворец Шарлотенборг, што денес се користи како уметничка галерија. Кралската фамилија уште од раниот 19-ти век престојува во замокот Амалиенборг, кој е нешто подалеку на северот на градот.
https://photos.app.goo.gl/qVtYUfFHbVeGgQXr9
Посебен пример за модерната данска архитектура е веднаш спроти Амалиенборг. Новата Опера е изградена во 2005 година и препознатлива е со тркалезната стаклена фасада и големиот метален покрив.
Со багажник од 360 литри, Mini Clubman лесно се снаоѓа во шопингот. Може да се ослободи простор и за многу покрупни предмети. Најпознатиот производител на мебел во земјата, Fritz Hansen, исто така влече корени од Копенхаген.
https://photos.app.goo.gl/FWRZDd9L1gxw5Ems5
https://photos.app.goo.gl/kSS8ELseisyQNvtY7
https://photos.app.goo.gl/PaUFgaXMWxYf47e26
















