Групацијата Mercedes-Benz AG, во којашто спаѓаат Mercedes Benz Cars & Vans како главна деловна гранка, имаше финансиски силна 2021 година. Првичните бројки покажуваат 12,7% чиста заработка од прометот, наспроти очекуваните 10 до 12 проценти.
Тесното грло во снабдувањето со полупроводници не претставуваше пречка за Mercedes-Benz Cars & Vans да постигне чиста заработка од 15% во последното тромесечје во минатата година. Тоа се должи на доброто формирање на цените, добрата понуда од модели и поволните перформанси со трговијата со користени автомобили. Високата профитабилост на автомобилскиот огранок доведе и до голем прилив на готовина во индустриското производство, којшто ги надмина предввидувањата.
„Продолжуваме да ја спроверуваме нашата стратегија со полно темпо. Добриот резултат доаѓа од големиот интерес за продукците, како и од фокусираноста на профитабилен раст и дисциплина во трошоците. Како највредна луксузна автомобилска марка во светот, забрзуваме во целосно електрична иднина, којашто ќе биде задвижувана од софтверот“, изави Ола Келениус, претседател на управниот одбор на Mercedes-Benz Group AG.
Според првични и непотврдени бројки за деловната година 2021:
- Mercedes-Benz Cars & Vans очекува чиста заработка во висина од 14 милијарди евра, односно заработка од 12,7%
- Mercedes-Benz Mobility постигна зафаботка од 3,4 милијарди евра (22% добивка)
- Free Cash Flow на индустрискиот бизнис во новиот состав на концернот (Daimler Trucks & Buses се водат до 9-ти декември 2021) е на ниво од претходната година, во висина од 8,5 милијарди евра.
In the 1950s, an icon was born. Now, the all-new Mercedes-AMG SL has arrived.
Visit https://t.co/phlAQrbive for the full campaign.#TheStarIsReborn #SLFAMILY #MercedesAMG pic.twitter.com/tjVNF12MYQ
— Mercedes-AMG (@MercedesAMG) January 29, 2022
Конечните резултати за деловната година ќе бидат објавени на Годишната Конференција 24-ти февруари 2022, а извештајот следи на 11-ти март.