за

Близу 600.000 олдтајмери во беспрекорна состојба по германските патишта

Добро сочуван примерок од Mercedes W 140 од почетокот на производството в година ќе вреди повеќе.

mercedes s-class w140

Сцената на олдтајмерите в година добива значаен новодојденец. Првите примероци од Mercedes S-Class од генерацијата W 140 наскоро ќе навршат 30 години и со тоа ќе можат да се регистрираат како олдтајмери на најголемите пазари во Европа.

Важен новитет на сцената на олдтајмерите пристига в година. Mercedes-Benz S-Class од генерацијата W140, кој уште привлекува нови фанови, но и ретко се среќава на авто-берзите, почна да се произведува во 1991 година. Тоа значи дека првите произведени примероци од „слонот“ наскоро ќе го одбележат својот 30-ти роденден. Тоа најмногу ќе ги израдува фановите на историските возила во Германија, кадешто олдтајмерите во беспрекорна состојба добиваат посебни регистерски таблици и уживаат најразлични повластици.

Во земјата во континуитет се зголемува бројот на олдтајмери со регистерски таблици што завршуваат со H, во просек по 10 проценти годишно. Mercedes е лидер и учествува со околу една четвртина во историскиот возен парк. На 1-ви јануари годинава, во Германија биле регистрирани 595.046 моторни возила со H-регистерски ознаки. Повеќето од овие возила се во одлична состојба и без проблем минуваат на строгите технички прегледи. Корозијата престана да биде проблем за автомобилските каросерии пред триесетина години, па затоа расте и интересот за историските примероци.

Mercedes S-Class од генерацијата W140 имаше деби во 1991 година. Во почетокот критикуван поради дизајнот, големата лимузина во меѓувреме се ослободи од сите товари од таков вид и денес е баран модел на сцената. Пазарите во САД и Азија реагираа одушевено на масивната и тешка S-Class, поради тоа позната и како „слон“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Mercedes со овој модел воведе нов дизајн на маската, по пример на луксузните родстери SL од генерацијата R129. Разликата беше во тоа што хромираната рамка на маската се втопи во формата на хаубата. Ѕвездата повеќе не стоеше врз маската, туку се помести поназад на хаубата.

Комфорот е сензационален, дури и во споредба со W126. Звучната изолација е исклучително темелна, а првпат користените изолирани стакла не се замаглуваа и не предизвикуваа кондензација.

600 SE и 600 SEL имаат дванаесетцилиндарски мотор

Врвот во гамата го означија дванаесетцилиндарските мотори. Новиот 6,0 V12 со фабричка ознака M 120 е прв мотор на Mercedes со 12 цилиндри од сериска продукција. Моќноста е 408 КС, вртежниот момент достигнува 580 њутнметри. Останатите мотори во понудата беа V8 со зафатнина од 4,2 литри (286 КС) и 5,0 литри (320 КС), како и шестцилиндарец од 3,2 литри со 231 КС.

Во октомври 1992 година пристигнаа и штедливите варијанти 300 SE 2.8 (193 КС) и 300 SD Turbodiesel (150 КС). Дизел моторот (од 1993 година моделот се водеше како S 350 Turbodiesel) располага со зафатнина од 3,5 литри и тоа беше прв модел на Mercedes S-Class со дизел мотор, што освен во САД, се нудеше и во Европа. На салонот во Женева, во март 1994 година, S-Class доби моделско освежување.

Производството се одвиваше до септември 1998 година. Од серијата се произведоа 406.532 лимузини, од кои 28.101 со дизел мотор.

>>> Mercedes S-Class: Најважните бројки и факти за W 223

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3 Performance

Tesla Model 3 со фабричка грешка, задниот браник отпаѓа

Lexus продал еден милион возила во Европа

Lexus продал еден милион возила во Европа