Мерцедес-Бенц постави брзи полначи пред 100 подружници на Старбакс во САД

Огранокот на Мерцедес што раководи со мрежата од полначи за електрични автомобили во Северна Америка ја прошири својата мрежа со поставување брзи полначи пред 100 подружници на синџирот кафулиња Старбакс.

Намерата беше постапката на полнење да се направи исто толку брза и удобна како нарачување кафе. Гостите ќе можат да ги приклучат своите автомобили за полнење додека уживаат во своето кафе.

Целта на првиот круг во соработката е да се постават станици со брзи полначи покрај кафулињата Старбакс долж 1.400-те милји на автопатот Интерстејт 5, на западниот брег на САД. Тоа е пат што се протега од Канада на север, до Мексико на југот.

Станиците со брзи полначи располагаат со моќност од 400 кВ, што навистина обезбедува кусо времетраење на полнењето. При поставувањето на станиците ќе им се дава предност на подрачјата во коишто е помала разгранетоста од мрежата или истата отсуствува, а ќе се внимава и да бидат покриени сите поважни рути при патување низ САД.

Секако дека енергијата потекнува од обновливи извори. Тоа е дел од стратегијата на Мерцедес-Бенц, што се води како Амбиција 2039 година и цели кон тоа да се постигне потполна неутралност во целиот животен циклус на возилата, од производството, преку експлоатацијата, до оперативните активности на компанијата.

Преку соработката со Мерцедес-Бенц, Старбакс со овој чекор ја прошири својата мрежа на преку 1.000 станици за полнење што се поставени пред подружниците. Повеќето од тие станици располагаат со повеќе полначи, за неколку возила истовремено да полнат батерија.

Мерцедес-Бенц во ноември 2023 година го отвори првиот парк со брзи 400 кВ-полначи во САД, во проект што е вреден една милијарда долари. Оттогаш се изградени вкупно 12 големи паркови со брзи полначи, во Тексас, Алабама, Џорџија, Флорида, Јужна Каролина, Тенеси и Кентаки. Во следните 12 до 18 месеци, намерата е да бидат покриени половина од сојузните држави.

Електрични автомобили во македонските салони

Претходна објаваПорше Панамера најспортски: Хибрид со 1.000 њутнметри, осумцилиндарец со баритон
Следна објаваТест · Фортинг Т5 Ево · Избор кога се сака, а не кога се мора

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here