за

Директорите во Мерцедес добиваат службени електрични автомобили

Вработените во Мерцедес што имаат право на службен автомобил ги менуваат своите дизели и бензинци со целосно електрични автомобили.

MERCEDES EQE

Тие се навикнати на Е-Класа, но отсега ќе мораат да се навикнуваат на ЕкуЕ и на останатите модели на Мерцедес со погон на струја.

Највредната автомобилска марка во светот ги обврза своите вработени во Германија, коишто имаат право на службен автомобил, да ги заменат своите постоечки возила со електрични.

Околу 5.000 службени возила што во моментов ги користат вработените во Мерцедес, со бензински или дизел мотор, како и со приклучен хибриден погон, ќе бидат заменети со целосно електрични модели на Мерцедес.

Преку оваа промена на стратегијата од „предимство на електричните“ со стратегијата „само електрични“, Мерцедес-Бенц го забрзува преоѓањето во иднината, во којашто возилата не испуштаат штетни материи и софтверот централно управува со возилата.

Вработен во Мерцедес-Бенц, на прашање на индустриското гласило Аутомобилвохе, изјавил дека „пристапот што важи за целата марка, важи и за нашиот возен парк од службени автомобили.“ Од компанијата засега не откривааг подробности околу условите на користење и составот на моделите што ќе го сочинуваат електричниот возен парк.

Мерцедес по 2030 година ќе продава само електрични автомобили – на пазарите на коишто тоа може да се постигне и има смисол. Преоѓањето во ерата на електричните возила во последно време малку се подзабави. Шефот на концернот, Ола Келениус, пролетоска го продолжи за една година планот за половината од продажбата на Мерцедес во 2025 година да отпаѓа на електрични автомобили.

Во првите девет месеци од годинава, Штутгарт продаде вкупно 1.529.800 автомобили. Од нив, 174.500 автомобили имаат целосно електричен погон. Тоа значи дека уделот на електричните автомобили во вкупната продажба на Мерцедес-Бенц во моментов изнесува 11,4 проценти.

Најстариот производител на автомобили во светот ја демантира објавата на Аутомобилвохе: „Не е точно дека вработените во Мерцедес-Бенц во Германија, коишто имаат право на службен автомобил, се обврзуваат во иднина да возат целосно електрични автомобили како службени возила.“

Линк до прегледот со сите електрични модели што се во редовната понуда на Мак Аутостар · Во нашиот онлајн каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Inventory

Првиот целосно електричен модел на Мерцедес-Мајбах, дизајниран од Славче Таневски

Во демантот од Штутгарт понатаму стои дека „колешките и колегите сé почесто се решаваат по сопствен избор за возило со електричен погон“. Бројот на целосно електрични автомобили во службениот возен парк во 2022 година бил двојно поголем во споредба со претходната година. Во 2023 година, бројот на електрични возила е зголемен четирипати во споредба со лани.

Од одделението за јавност во Штутгарт кажуваат и дека секое трето службено возило на Мерцедес-Бенц е целосно електрично, а дополнителни 40% од возниот парк го сочинуваат приклучни хибриди.

Првиот електричен Мерцедес на македонскиот пазар ја имаше својата премиера во почетокот на ноември

9

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Волво го направи својот прв ван како скандинавска дневна соба на тркала

Кинески БИД се подготвува да го преземе пазарот на Тесла Модел Ипсилон