Вака изгледа Мерцедес вреден 12 милиони долари

Светски рекорд за Мерцедес-Симплекс 60 ПС „Роа де Белже“ од 1903 година. На оваа непроценлива оставштина од раните денови на автомобилизмот, сега му се знае цената.

Со цена од 12,105 милиони долари, Мерцедес-Симплекс 60 ПС „Роа де Белже“ е најскапиот автомобил на светот, што е произведен пред 1930 година и досега се има појавено на наддавање. Цели 121 година, Мерцедес му припаѓаше на семејството на британскиот издавач Алфред Хармсворт (1865–1922)

На наддавањето организирано од Гудинг и Компани на Амелија Ајленд, остров во Атлантикот пред брегот на Флорида, автомобилот доби нов сопственик. Додавката „Роа де Белже“ (Кралот на Белгијците) означува каросериска форма со два реда седишта и заоблена линија, својствена за најлуксузните автомобили од тоа време. Таа го носи името по белгискиот крал Леополд Втори, кој во 1901 година нарачал автомобилот да му биде изработен со таква форма.

Автомобилот со отворена каросерија, изработена од францускиот каросерист Ј. Ротшилд е Фил, бил нарачан во 1903 година од новинскиот магнат Хармсворт. Со ова име се поврзуваат, меѓу другото, Тајмс, Дејли Мејл, Дејли Мирор.

Мерцедес-Симплекс 60 ПС во тоа време бил недостижен на трките. Автомобилот победувал и на спринт, и на ридски и на кружни патеки, а во 1903 година победил и на Гордон Бенет Куп во Ирска. Хармсворт, новинар и заљубеник во автомобилите, со својот омилен Мерцедес-Симплекс ја имал поминато цела Европа, долж и попреку.

Конструиран во 1902 и пуштен во продажба во 1903 година, Мерцедес-Симплекс 60 ПС ги наследил своите претходници 35 ПС и 40 ПС, воведувајќи сосем нов стандард на моќност. Тој бил удобен, просторени силен. Со четирицилиндарец од девет литри, 60 ПС постигнувал 130 км/ч. Во тоа време не постоел сериски автомобил способен за толкава брзина.

Претходна објаваЕУ има докази дека Кина им плаќа на производителите за евтино да продаваат во Европа
Следна објаваФиат 500 ниже специјални серии, Трибуто Трепиуно се навраќа во 2004 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here