за

Фиат 500 ниже специјални серии, Трибуто Трепиуно се навраќа во 2004 година

На салонот во Женева во 2004 година, Фиат ја прикажа студијата Трепиуно. Тоа беше најава за 500.

Кога Фиат ќе направи малечок автомобил, секогаш излегува голем автомобил. Ретко кој денес го гледа Фиат 500 како автомобил што е на сцената од 2007 година. Тоа е автомобил што е дојден да остане. Торино направи уште една специјална серија за големиот 500.

Фиат со новата серија од својата 500 потсетува на настан од пред 20 години. На тогашниот салон во Женева, во времето кога салоните уште беа светски настан, Италијанците ја прикажаа студијата Трепиуно. Три години подоцна стартуваше денешниот 500. Новата серија во таа чест се вика Трибуто Трепиуно, и секако дека италијанските мајстори повторно најдоа начин за овој 500 да биде различен од сите специјални серии досега.

Новата серија ќе се произведе во ограничен број примероци. Фиат 500 Трибуто Трепиуно има задни светла со црвени додатоци и натписи Фиат на сина подлога, што потсеќаат на логото од 1999 година, кога марката го славеше своето стогодишно постоење. Тркалата од лесен метал со пет краци имаат посебни раткапни.

Внатрешноста е изведена во двете бои од концептниот автомобил од пред 20 години. Седиштата се обложени со вистинска кожа, во бела и црвено-кафена боја. Логото Трепиуно ХХ секако дека не смее да недостига на седиштата. Облогите на вратите и на арматурната табла се во истата црвено-кафена боја.

На арматурната табла дополнително се изработени цртежите што своевремено ги има направено дизајнерот Роберто Џиолито.

Секој примерок од Фиат 500 Трибуто Трепиуно се испорачува со сертификат од Стелантис Херитиџ. Цената уште не е соопштена. Името Трепиуно произлезе од посебниот распоред во кабината, со две комотни седишта напред и преклопливи помошни седишта назад.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака изгледа Мерцедес вреден 12 милиони долари

Германските производители демантираат дека ќе се откажувало збогувањето со моторите