за

Германските производители демантираат дека ќе се откажувало збогувањето со моторите

Претставник на германските авто-производители кажа дека при преговорите во Брисел воошто не станувало збор за откажување на престојната забрана за бензинци и дизели во ЕУ.

Манта ГСе: Опел работи на наследничката – но не мора да значи дека тоа повторно ќе биде купе.

Здружението на германските производители на автомобили ВДА ги негира медиумските објави дека наводно се зборувало да се откаже планот да се престане со продажба на возила со мотори со внатрешно согорување во Европа.

Здружението на германската автомобилска индустрија ВДА ги негира објавите во медиумите, дека Европската Унија наводно ќе се откажувала од целта, по 2035 година да се регистрираат на ново само тие возила што имаат нулта емисија на ЦО2 .

Претставник од Здружението изјави за германскиот индустриски гласник Аутомобилвохе во четвртокот: „Објавите што кружат во моментов воведуваат забуна околу одредени тематики и одговорности, што води кон донесување погрешни заклучоци.“

Воопшто не се зборувало за одлуката на ЕУ: „Не станува збор за флотната регулатива за ЦО2 и не станува збор за граничните вредности за ЦО2 на новите регистрирани возиоа. Се зборува за доброволна методика. Се работи само за став на Комисијата, допрво треба да се направат тројните преговорите со Советот.“

Експертите предупредуваат да не се отстапи од стратегијата

Други експерти во браншата исто така искажаа несогласување со ударните наслови во некои медиуми. Ќе биде фатално, ако автомобилската бранша се залага да продолжи ерата на моторите со внатрешно согорување на зрели пазари, каков што е Европа, предупредува Максимилијан Фихтнер, директор на центарот за истражување батерии Целест во Улм, во разговор со Аутомобилвохе.

„Во свет во којшто електричните возила постигнуваат двоцифрен раст во продажбата и на Далечниот Исток веќе има неколку електрични модели, што се поевтини од споредливи патнички автомобили, притискањето да се остане на старата технологија води директно кон еден мал пазар што се смалува. Нашата автомобилска индустрија во тој случај повеќе не би била во состојба да се ослободи од оваа мизерија и последица од тоа би биле непријателски преземања на компании и затворање фабрики.“

Нема „ударен ефект кај е-автомобилот“

Австрискиот жолт печат „Кронен Цајрунг“ во вторникот пушти објава за гласањето во Комитетот на ЕУ за животна средина и транспорт. Под насловот „ударен ефект кај е-автомобилот“, австрискиот булеварски дневник пишува за „крај на крајот на моторите со внатрешно согирување.“

Тоа за што вистински станува збор било гласање во Комисијата на ЕУ да се смени еден параграф за емисијата на стакленички гасови кај компаниите што вршат транспортни услуги. Тие во иднина ќе важат во едиствена форма за сите учесници во сообраќајот, што значи дека ќе важат и за автобуси, возови и за микропревозните средства.

Треба да се гледа севкупниот еко-биланс

Неколку групи научници веќе подолго време препорачуваат да се прави севупен екобиланс за новите произведени возила. Една студија за еко-билансот што во декември беше објавена од Здружението на германските инженери (ВДИ), веќе извесно време поттикнува широка дискусија во стручните кругови.

Еден од клучните наоди на германските инженери, споредба на емисијата на ЦО2 за различни видови погон, вкилучувајќи производство и возење 200.000 км

Целата студија може да се погледне на линкот https://www.vdi.de/themen/mobilitaet/vdi-oekobilanz-fuer-pkw-antriebe

Кај електричните автомобили е неоспорно дека за производството на батериите се испушта голема количина ЦО2 – тоа сепак зависи дали за нивното производство се користи претежно струја од јаглен или се користи енергија од обновливи извори.

Веќе подолго време е извесно дека Комисијата на ЕУ во 2026 година ќе направи нова процена за својата зададена цел за нулта емисија по 2035 година. Препораката на Комисијата за животна средина, што уште не е прифатена од Парламентот, може да доведе до тоа, при новата процена во 2026 година, севкупниот еко-биланс на возилата да биде решавачки, дали некое возило ќе може да се регистрира или не.

Оттука може да се очекува дека во ЕУ во иднина уште повеќе ќе се зема предвид целиот добавувачки ланец на компоненти за возила, вклучувајќи го и самото производство на возилата, кога ќе се оценува дали некое возило може да добие типска хомологација, односно право да се пушти во продажба.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фиат 500 ниже специјални серии, Трибуто Трепиуно се навраќа во 2004 година

Една од 1976: Мегане РС Ултиме на Аутоштрасе