за

Овој автобус на Mercedes близу 40 години беше во служба

Произведен пред 85 години, Mercedes-Benz O 10000 се користеше редовно како подвижна поштенска испостава сé до завршетокот на 1970-те години.

На овој необичен автобус се забележуваат неколку посебности: Отвор за вметнување писма, шалтер за продажба на поштенски марки и предавање пакети, па дури и услуга за испраќање телеграм. Овој Mercedes-Benz Omnibus O 10000 е произведен во 1938 година, последната служба му беше како поштенско возило, а денес е во музејот на марката во Штутгарт.

Во почетокот користен како автобус за превоз на долги релации, а потоа како подвижна поштенска испостава, Mercedes-Benz O 10000 има долга кариера зад себе. Овој исклучителен примерок уште се појавува во јавноста, со големата маска и со трите оски. Жолтиот автобус редовно е дел од културните настани, меѓу другото и на фестивалот во Салцбург.

Моделот O 10000 беше најголемиот автобус што Mercedes-Benz го произведуваше во 1930-те години. Шасијата беше прикажана првпат на салонот на автомобили и мотоцикили во Берлин, што се одржуваше од 15-ти февруари до 1-ви март 1936 година. Надградбата се вршеше во фабриките во Гагенау и Зинделфинген.

Брзи до 65 km/h и долги околу 14 метри, овие автобуси се користеа во Германија и Австрија, честопати и како поштенски возила, т.н. „Kraftpost“. По војната, Поштата на Австрија го пренамени возилото. O 10000 разнесуваше пакети меѓу Виена и Салцбург.

Во 1960-те години следеше уште една пренамена, овојпат во подвижна поштенска
испостава. До завршетокот на 1970-те години, возилото ги посетуваше помалите места и им нудеше услуги на жителите.

Тоа што денес го обавува секој мобилен телефон, пред 50 години беше посебна услуга на овој автобус. Жителите во помалите места така добиваа можност да им се јават на своите пријатели и роднини. Во возилото се наоѓаат три кабини за телефонирање. До нив се пристапува преку вратите острана.

Моторот е 6-цилиндарски дизел OM 57 со 150 КС и зафатнина од 11.197 сантиметри кубни.

Жолто-црната боја има долга традиција. Тоа е заштитна боја на кралската лоза на Максимилијан Први, којишто во доцниот 15-ти век ја преземаат доставата на пошта во кралството. Тогашните кочии се во жолто-црна боја. До денес, тоа е заштитна боја на поштата во бројни земји. Исто и Mercedes-Benz се користи често во служба на поштата.

Утре почнува саемот на комецијални возила во организација на Скопски Саем, што се одржува на паркиралиштето кај салата Борис Трајковски. Мак Аутостар е присутен со своите возила

 

View this post on Instagram

 

A post shared by skopski.saem (@skopski.saem)

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Peugeot 3008 доаѓа со сосем нова организација на кокпитот

Директорите на Lexus предвидуваат дека градскиот кросовер LBX во Европа ќе се продава во 25.000 примероци годишно. Нарачките почнуваат во октомври.

Toyota Yaris Cross имаше само еден проблем, тоа што не е Lexus