Mercedes и покрај кризата од пандемијата, во првото тромесечје испорача близу половина милион возила на светскиот пазар. Ситуацијата натаму секако дека повеќе ќе се рефлектира во продажбата.
По одличниот старт на годината со јануарската продажба, Mercedes-Benz го заврши првиот квартал со испорака на 477.400 автомобили на светскиот пазар. Тоа е намалување за 14,9 проценти во споредба со истиот квартал лани и ги покажува првите знаци од кризата од пандемијата. Кога на оваа бројка ќе се приклучат доставните возила (Citan, Vito и Sprinter), со 64.588 испорачани примероци (-14,9%), се доаѓа до вкупно 547.829 возила на Mercedes-Benz Cars & Vans.
Во Европа во првото тромесечје биле испорачани 188.963 автомобили (-15,9%). Падот во продажбата бил помал на домашниот пазар, кадешто од јануари до март се продале 64.332 автомобили (-8,8%). Mercedes во Германија бил најпродавана премиум марка во првиот квартал.
Азија и Пацификот учествуваат со 198.849 автомобили (-17,1%). Во Кина, како најголем пазар во овој регион, до март се продале 138.960 автомобили или за 20,3% под ланскиот резултат. На Северна Америка отпаѓаат 8.501 патнички автомобили. Пазарот во САД регистрирал 67.746 нови автомобили со сребрената ѕвезда (-4,8%), кадешто Mercedes исто така имал најдобра продажба меѓу премиум марките.
https://www.instagram.com/p/B-31lGepFxz/
















