за

Volkswagen е единствен авто-производител што поседува бродови

Volkswagen единствен авто-производител што поседува бродови
Volkswagen единствен авто-производител што поседува бродови

Во концернот Volkswagen работи едно одделение коешто со сигурност не постои кај останатите производители на автомобили. Тоа е логистичкото одделение за управување со бродската флота. Volkswagen е единствениот производител на автомобили во светот, што поседува бродови.

Лани концернот Volkswagen испорачал 2,7 милион возила од своите марки со бродски транспорт. Тоа значи дека секое четврто возило, од вкупно 11 милиони возила испорачани лани, прво биле качени на брод и „пловеле“ по светските мориња. Доколку сите овие возила се наредат едно по друго, почнувајќи од Seat Leon или Volkswagen Tiguan, до Porsche Taycan, ќе се добие колона долга од екваторот до Арктикот или до Антарктикот.

Еден дел од овие возила биле букирани за таканаречените бродски линии од големите пристаништа, кои превезуваат секаков вид товар „на тркала“. На овие бродови, Volkswagen T6 може да се најде тркало до тркало со багери и трактори, на пат од Европа за Азија или Африка.

За Volkswagen пловат единаесет чартер-бродови ширум светот

Концернот од Волфсбург е единствен производител на автомобили во светот, што поседува чартер-бродови. Тоа е долга традиција, што трае уште од 1960-те години. Вкупно стојат на располагање 11 вакви бродови, со место за најмногу 4.700 возила од најразличните марки на концернот.

Повеќето од овие бродови пловат од пристаништето во Емден до Северна Америка. Од источниот брег, бродот продолжува за Мексико. Бродовите секако не се враќаат празни, затоа што Volkswagen и таму поседува производствена мрежа. По уште една пауза во САД, бродовите се враќаат за Германија. Целата турата е долга 12.000 наутички милји (22.000 km) и трае меѓу 45 и 50 денови.

Грижата за животна средина е присутна и во бродскиот транспорт. Наскоро во флотата ќе пристигнат два чартер-бродови што користат LNG, односно течен метан. Тој согорува значително почисто од мазутот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes во првиот квартал испорача 477.400 автомобили

Mercedes во првиот квартал испорача 477.400 автомобили

Caterham Super Seven 1600

Фабриките не работат, но може сами да составите Caterham