за

Мерцедес прв, потоа останатите: Зошто е важно за краш-тестовите да има и женска кукла

Долго пред тоа да биде пропишано со закон, Мерцедес-Бенц за челните и страничните краш-тестови користи и женски кукли.

Таа е висока 1,5 метар, тежи 49 килограми и на разни места по телото има бројни сензори со близу 150 мерни точки. Тaа е женска кукла за краш-тест од најновата генерација. Мерцедес веќе 20 години ја користи т.н. „петпроцентна жена“ на местото на возачка, совозачка или патничка на задната клупа. Нејзиното име е Дами Хибрид Трета 5 и партнерка е на Дами Хибрид Трети 50, машка краш-тест кукла.

Според тоа, Мерцедес користи женска кукла долго пред тоа да биде пропишано со закон. Дами Хибрид Трета 5 има антропометрија на жена, со женски гради и карлица. Според американската статистика, само пет проценти од жените се пониски или послаби, па оттаму и името „петпроцентна жена“. Денес со закони е пропишано при тестирањето на возилата да се користи женска краш-тест кукла.

Секоја година во 900 краш-тестови учествуваат 120 кукли во 21 варијанта

Безбедноста е дел од генот на Мерцедес-Бенц. Светот отсекогаш ја гледа германската марка како предводничка на современата безбедност. Основата за тоа е стратетијата што се води како „Безбедност во вистинскиот живот“. Ова одделение подолго од 50 години истражува незгоди во коишто учествувале возила Мерцедес-Бенц.

Целта на научниците за безбедност на Мерцедес е да се разбере како настануваат незгодите и како истите да се спречат со подобрени системи за заштита. Секоја година во центарот во Зинделфинген, Штутгарт, се вршат до 900 краш-тестови и возила се залетуваат на шини вкупно 1.700 пати. Притоа се користат 120 краш-тест кукли во 21 варијанта, вклучувајќи дури и доенче, па сé до маж од тешка категорија, односно „петпроцентен“ маж од 1,87 метар и 101 кг.

Постојат бројни предрасуди околу женските краш-тест кукли. Шефицата за тестирање со краш-тест кукли Хана Паул, ги разбива следните шест митови:

Мит 1: Жените се послабо заштитени во автомобилите од мажите

Хана Паул: Не, тоа е неточно. При тешки или кобни повреди не постојат препознатливи разлики меѓу половите. Кај лесните повреди, во одреден случај има извесни разлики. Зависно од делот на телото, некогаш повеќе се повредуваат жените (нозе/стопала и траума од залетување при судир одзади), некогаш мажите (гради, глава). Анализите на нашиот сопствен институт за истражување незгоди, покажаа дека во возилата на Мерцедес-Бенц нема посебни разлики во поглед на жените или мажите.

Мит 2: Постојат статистики што покажуваат дека жените послабо се заштитени

Хана Паул: Тоа мора да се препровери, затоа што бројките од незгодите што се наведуваат во овие статистики потекнуваат од 1980-те години. Во меѓувреме се сменија многу нешта во пасивната безбедност на авотмопбилите. Малечките возила исто така имаат цврста патничка кабина. Во сите класи возила се вградуваат современи системи за заштита на телото. Ограничувачот на силата во безбедносниот ремен, што го ограничува притисокот врз градниот кош, се приспособува според потребите на патниците според однапред одреден тек. Разликите во бројот на смртни случаи меѓу мажите и жените се смалуваат значително од моделската 2000-та година наваму.

Мит 3: Во краш-тестовите главно се користат машки кукли

Хана Паул: Не е така во Мерцедес-Бенц. Дамијата сепак не се човечки кукли. Тоа се мерни инструменти, што ги мерат физичките сили и законите. Тежината и висината на дами-половите се изведени од податоците од вистински луѓе.

Петпроцентната жена навистина има анатомија на жена, но во поглед на опасностите од повреди, таа ја претставува и групата на луѓе со помал раст, без разлика дали се мажи или жени. Опасноста од повреда е човечка – таа не е ниту машка, ниту женска.

Мит 4: Краш-тест куклите не се доволно разновидни

Хана Пауи: Во последните години значително се зголеми бројот на типови на дами – меѓу другото и поради големиот број разни видови на судири, што се тестираат. Мерцедес-Бенц располага со преку 120 дамија. Се разликуваат и типови за челен, заден или страничен судир.

Во технологијата на краш-тест куклите штотуку се случува генерациска смена. Напредната Тор-Дами го заменува Хибрид Трети Дами од 1986 година. Според нашите интерни истражувања, натамошно расчленување на видовите кукли нема да води кон позначително подобрување на безбедноста.

Мит 5: Бремените се заштитени послабо

Хана Паул: Актуелната студија на АДАК покажува дека обичниот безбедносен ремен при судир добро ги штити идните мајки и нероденото дете. Според истражувањето на АДАК, бремените не се изложени на повисок ризок од другите возачки. Доколку се користи правилно, обичниот ремен со три точки, при судир добро ги штити идната мајкја и нероденото дете.

Мит 6: Симулациите водат кон тоа физичките краш-тестови наскоро да станат непотребни

Хана Паул: Ние не гледаме така. Вистина е дека пресметувањето на кинематиката и на деформирањето значително го скусува бројот на вкупни тестови и го забрзува развојот. Но, судир со возило е неодминлив од повеќе причини: Краш-тестовите се неопходни за да се потврдат симулациите што се извршени со бројни претпоставки. Покрај тоа, тие се пропишани законски.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · Шкода Ениак Купе 85 Спортлајн

Како Тојота стана втора најпродавана марка во Европа