за

Mercedes EQS SUV: Најпретставителните 20 бројки за најлуксузниот СУВ

Вчера се одржа премиерата на најлуксузниот СУВ во понудата на Mercedes-Benz Cars. Првите впечатоци секако дека беа импресија од дизајнот на Славче Таневски, сега е време да се разгледаат и фактите. Тие исто така се импресивни. Mercedes EQS SUV е половина вселенски брод.

660 километри…

…минува Mercedes EQS SUV во соодветната погонска конфигурација со едно полнење на батеријата, според WLTP.

10.000 пати во секунда…

… се проверува вртежниот момент што се пренесува до тркалата од одделниот eATS (elektrischer Antriebsstrang, односно електрична погонска спрега) и се нагодува по потреба. На тој начин, кај верзиите со 4Matic се постигнува значително побрза реакција отколку кај механички погон на сите тркала.

11 метри…

…е мал кругот на вртење, благодарение на управуваната задна оска, со тркала што опционално се завртуваат за 10 степени. Mercedes EQS SUV стандардно располага со управувана задна оска, со тркала што ротираат до 4,5 степени. Во тој случај, кругот на вртење е 11,9 метри. За споредба, Mercedes-Benz GLS 63 AMG 4Matic има круг на вртење 12,5 метри.

6 фази…

…користи синхрониот мотор со постојана побуда (PSM) на задната оска, со 2 намотки со по 3 фази. Тоа овозможува исклучителна максимална моќност од 265 kW.

1,3 милион микро огледала…

…ја прекршуваат и насочуваат светлината на опционалните светла DIGITAL LIGHT, со по три екстремно моќни LED во едно светло. Тоа значи дека резолуцијата на осветлување на двете светла изнесува 2,6 милиони пиксели.

700.000 станици за полнење…

… од кои 300.000 во Европа, им стојат на располагање на корисниците на Mercedes EQS SUV, во мрежата на Mercedes me Charge, една од најголемите мрежи во светот.

2.432,11 сантиметри квадратни…

… изнесува површината под дисплеи која што им стои на располагање на патниците во Mercedes EQS SUV, при доплата за MBUX Hyperscreen. Трите дисплеи во арматурната табла се наоѓаат под заедничко заоблено стакло што е широко над 141 сантиметар. Дисплејот е исклучително отпорен на гребаници благодарение на слојот од алуминиумски силикат.

650 степени Целсиусови…

… е температурата под којашто тридимензионално се свива големото покривно стакло на MBUX Hyperscreen. Оваа посебна технологија овозможува дисплеите да се гледаат без изобличување од која било положба, без оглед на радиусот на покривното стакло.

12 модули…

… со батериски ќелии се вградуваат максимално во литиум-јон батеријата на Mercedes EQS SUV. Батеријата од нова генерација прави голем чекор напред во насока на одржливост на батериската хемија. Оптимираниот активен материјал се состои од 8 делови никел, 1 дел кобалт и еден дел манган.

Повеќе од дузина…

… параметри го одредуваат интерактивно опционалниот звук во возење на Mercedes EQS SUV, во зависност од различни фактори, како што се положбата на педалата за возење, брзината или рекуперацијата. 

No. 6…

…е бројот на мирисот што специјално е создаден за EQS SUV и означен е како 

No.6 MOOD mimosa. Миризбата потсеќа на арома на црно чоколадо. Бројот 6 се повикува на Mercédès Electrique од 1906 година, првите електрични автомобили што ги продаваше компанијата.

0 нивоа…

… на менито треба да се поминат додека се дојде до најважните апликации на MBUX. Затоа се користи името Zero-Layer.

77 инчи…

…е широка дијагоналата на прикажување на проекцискиот дисплеј, што се нуди како опција во две големини. Варијантата со унапредена реалност (Augmented – Reality – Head-up – Display) ги прикажува упатствата и акциите во три димензии во реална ситуација во возење. Возачот добива впечаток како на десет метри пред него да се наоѓа виртуелен транспарентен колор екран.

99,75 проценти…

… од честичките нечистотија во воздухот се пречистуваат со филтерот HEPA (High Efficiency Particulate Air), којшто е составен дел на опционалниот пакет ENERGIZING AIR CONTROL Plus. Филтерот со зафатнина од 9,82 dm³ го пречистува воздухот однадвор со врвна делотворност. За поништување на миризбите се користат до 600 грами активен јаглен. Површината на апсорбција одтовара на околу 150 фудбалски игралишта.

12 активатори…

… се наоѓаат под површината на дисплејот на допир на MBUX Hyperscreen, коишто ја произведуваат вибрацијата под прстот при ракувањето со дисплејот, заради потврда дека бараната функција е вклучена.

8 процесорски јадра…

…24 Gigabyte RAM и RAM-мемориски капацитет од 46,4 GB по секунда се техничките податоци на компјутерската единица на EQS SUV.

250 километри…

… може да се минат со енергијата што ќе се наполни за 15 минути, при користење брз полнач со еднонасочна струја, со моќност од 200 kW.

1 сензор за светлина…

… и 1 мултифункциска камера служат за одредување на осветленоста на дисплејот на MBUX Hyperscreens, во зависност од средината.

7 профили…

… може да се меморираат по желба, за прикажувањето во делот од MBUX Hyperscreen пред совозачот.

27 јазици…

… препознава системот благодарение на користењето Natural Language Understanding (NLU). На 27 различни јазици, EQS SUV ќе реагира кога возачот и патниците ќе му се обратат со „Hey Mercedes“ на соодветниот јазик.

Mercedes-Benz EQS е најдобар луксузен автомобил во светот

Сите модели на Mercedes-Benz што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=mercedes-benz

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Vivaro: Налепници за спортски изглед се многу згодна работа

Електричен Lexus RZ следи по 24 години од хибридниот Lexus RX