за

Mercedes започна со производство на електричниот крстосувач EQS

Во „Фабрика 56“ денес стартуваше електричната изведба на S-Class. Супернапредната фабрика покрива третина од потребата од струја со сончевите колектори на покривот.

Mercedes започна со производство на електричниот крстосувач EQS

Дефиницијата за луксуз во Mercedes доби дополнително значење. Исто како што S-Class е врв за целата автомобилска бранша, така Mercedes EQS е врв за електричниот огранок на истата таа бранша. Од денес во новата фабрика во Зинделфинген се произведува луксузниот крсосувач на струја.

Флексибилно, дигитално, ефикасно и одржливо. Тоа се принципите врз коишто Mercedes денес го заснова своето работење во секој поглед. Mercedes EQS е првиот целосно електричен модел од фабриката што беше изградена „од ново“ во Зинденфинген, посебно за новата S-Class, а со тоа и за нејзината електрична верзија. Од истите погони излегуваат и изведбата на S-Class со продолжена каросерија, како и благородничниот Mercedes-Maybach S-Class.

Посебноста на Фабрика 56 е во одржливоста, општо во грижата за животната средина и  зачувувањето на ресурсите. Фотоволтаичките панели врз покривот на фабриката покриваат околу 30% од потребата од електрична енергија. Флексибилноста овозможува сите погонски варијанти да се произведуваат на иста лента.

Маркус Шефер, член на управниот одбор на Daimler AG и Mercedes Benz AG, одговорен за развој на техника и оперативен директор на Mercedes-Benz Cars: „Нашата нова целосно електрична луксузна лимузина EQS поставува нови мерила со досегот до 770 километри според WLTP. Во исто време, EQS е симбол за одржливоста во целиот синџир на создавање на дополнтиелна вредност, од развојот, преку набавката, производството и полнењето, до рециклирањето. EQS е камен темелник на патот кон нашата Амбиција 2039, со којашто Mercedes-Benz работи интензивно на возен парк од нови возила што е неутрален во однос на CO2.“

>>> Mercedes EQS во бројки: 350 сензори, милион пиксели, 600 грами јаглен, 150 фудбалски полиња

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota лани продала 7,7 милиони возила, заработила 18 милијарди евра

Suzuki одбележува 25 милиони мини-автомобили продадени во Јапонија