Хаг позелене: Сто електрични автобуси Mercedes eCitaro

Испорака на електрични автобуси, но и поставување на потребната мрежа од полначи во холандскиот град Хаг, побара компанијата HTM во тендерот. До 2024 година, во градот ќе бидат испорачани 95 електрични автобуси Mercedes-Benz eCitaro, вклучувајќи ја и зглобната изведба eCitaro G.

Со своите 550.000 жители, Хаг е трет најголем град во Холандија, но и седиште на парламентот и на владата на кралството Холандија, како и главен град на провинцијата Јужна Холандија.

Mercedes-Benz ќе испорача нископодни електрични автобуси долги 12 и 18 метри. Daimler Buses користи најсовремена батериска технологија NMC. Претпријатието за јавен превоз HTM ги заменува постоечките автобуси со погон на метан и прва компанија е во јавниот превоз во земјата, којашто целосно се префрлува на електричен погон.

Освен испорака на автобусите, во рамките на договорот ќе се проектира и постави целосна мрежа од полначи. Депото на HTM исто така ќе претрпи целосно обновување, заради поставување на полначите, секако и тоа во режија на Daimler.

Во Европа по 2030 година ќе се регистрираат само автобуси со нулта емисија на штетни материи. Во Холандија, тоа ќе стапи на сила уште во 2025 година. Кралството со тоа станува предводник во енергетската пресвртница.

Најсовремена батериска технологија, висока безбедност и комфор

Во електричните автобуси Mercedes-Benz eCitaro и eCitaro G се вградуваат батерии NMC 3 од најновата генерација. Станува збор за батериски ќелии со литиум, никел, манган и кобалт. Полнењето на нископодните автобуси на Mercedes-Benz во HTM ќе се врши преку пантографи.

Така изгледа огласот што HTM го објави пролетоска, барајќи возачки и возачи, вклучувајќи платена обука

Mercedes во градскиот превоз става нагласок и на безбедноста на пешаците, особено кога автобусите скршнуваат вдесно. Големо подрачје десно покрај автобусите останува непрегледно од возачкото седиште и тоа може да доведе до незгоди со пешаци, велосипедисти или мотоциклисти. Автобусите за Хаг стандардно се опремени со систем наречен Sideguard Assist, како и со Preventive Brake Assist, систем што самостојно го запира возилото при опасност од судир.

[the_ad id=”73735″]

Подот е обложен со материјал со изглед на дрво, а седиштата се луксузно тапацирани. Секако дека се предвидени места за патници во инвалидска количка, како и за детска количка. Автоматска климатизација се грижи за пријатна температура. Возачот може независно да ја нагоди температурата околу своето работно место.

Претходна објаваДиректор на Renault предупредува за преголемата зависност на Европа од Кина
Следна објаваБез субвенциите, Германците не сакаат да слушнат за приклучни хибриди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here