за

Mercedes E-Class пак го направи тоа: Нов нос, вредностите стари

Mercedes E-Class 2020
Mercedes E-Class 2020

Многу мудрости ќе се слушнат деновиве околу дизајнот на освеженото моделско годиште на Mercedes E-Class. Но, само едно враќање наназад низ генерациите, покажува дека токму столбот на марката од Штутгарт, претрпувал најкоренити промени. E-Class, меѓу другото, уште е тоа што била отсекогаш, Mercedes.

Не постои поголем Mercedes од овој – во поглед на неговото значење и сите историски поглавја што тој ги има одбележано, од почеток до крај. Тој е W123, 124, со повеќе од 14 милиони примероци е најпродавана моделска серија од Штутгарт, голема е веројатноста дека тоа ќе биде и таксито што ќе пристигне во германските градови и не само во нив, а во исто време е еден од првите модели што направи храбар чекор во правец на автономното возење. Традиција и иновација во едно, мерцедесиште.

Од 2016 година на сцената е десеттата генерација на E-Class, од којашто досега се продадоа 1,2 милион примероци. За влезот во новата декада, „срцето на Mercedes“ доби моделско освежување. Изгледот е ускладен со новиот дизајнерски печат на марката со сребрената ѕвезда, којшто се провлекува од A-Class до GLE-Class. Ново правило е тоа што основниот модел отсега вози со спортскиот пакет Avantgarde Line, односно со ѕвезда во маската.

Првпат кај E-Class се случува ѕвездата да биде во маската, место врз хаубата, во основната изведба

Маската доби нов дизајн, со две хромирани ламели и вертикални краци во црна сребрена боја. Поинаку е кај Line Exclusive, со специфична маска и со ѕвезда што класично стои на хаубата. AMG Line вообичаено става спортски нагласок, со нов браник во стилот на моделите AMG Performance. Куполи на хаубата ги идентификуваат изведбите Avantgarde, AMG Line и All-Terrain. Диодна техника за сите функции на светлата е стандард, со доплата се нудат фамозните Multibeam диодни светла, вклучувајќи светло со супердолг досег.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Нов браник, дводелни светла и нов капак на багажникот прават и опашот да изгледа многу поразлично од досега. Во палетата се додадени три нови бои, а додадени се и неколку бандажи со нов дизајн, вклучувајќи аеро-бандажи за смалување на потрошувачката на гориво.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новитет е можноста возачот да го внесе податокот за својата висина преку дисплејот или преку Mercedes me, по што седиштето автоматски се мести во правилната положба, со можност за фино дотерување. Вообичаено за моделските освежувања на Mercedes, користени се нови материјали и комбинации од бои во внатрешноста, зависно од изведбата на моделот.

Автопилотот сега дозволува рацете да се држат порелаксирано на воланот

Системите за асистенција беа специјалитет уште при дебито на актуелната E-Class, но секако дека и кај нив во меѓувреме има голем напредок. Кога е вклучен автопилотот (поточно полуавтопилотот), возачите обично практикуваат да ги спуштат рацете во покомотна позиција и само го допираат воланот, потпирајќи ги рацете врз нозете. Досега, системот во тој случај не препознаваше дека возачот сепак го држи воланот и предупредуваше дланките да се постават во „стандардната“ положба. Сега се користи капацитивна техника, односно таа препознава кога возачот го допира воланот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Интелигенцијата на Mercedes E-Class досега до таму што радарскиот темпомат ги чита и информациите од навигацијата и соодветно ја дотерува брзината пред свијоци, кружни токови, наплатни рампи, Т-крстосници, како и на клучки на автопат. Со неколку доплати за надградба на овие системи за автономно возење, E-Class чита и актуелни податоци, на пример за застој на патот, па автоматски ја смалува брзината, за да не биде предоцна кога возачот ќе забележи дека пред него има колона возила што стојат во застој. Корисна функција претставува и предупредувањето за велосипед што се приближува кон возилото, кога патниците или возачот ќе отворат врата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За воланот, на располагање стојат три верзии со нов дизајн: Обична изведба, комбинација од кожа-дрво и суперспортска изведба. Ракувањето со функциите се врши преку лизгање со прст преку сензорските полиња во воланот. Принципот на работа сега е капацитивен, место оптички, со што се избегнуваат проблеми со функционирањето, кога полињата ќе се извалкаат од прстите.

Кога возачот на Mercedes E-Class чека прв на семафор, камера му прикажува кога ќе се вклучи зеленото светло

Два големи дисплеи од по 10,25 инчи (26 cm) сега следуваат како стандард. Како опција се нуди верзија од 12,3 инчи (31,2 cm). Кога е вклучена навигацијата, на средишниот дисплеј се прикажуваат дополнителни информации, како куќни броеви или директно прикажување на одредиштето со стрелка. Во случај кога автомобилот е прв на семафор, на дисплејот се прикажува и светлото на семафорот, како помош доколку возачот не може без поместување да ја следи сигнализацијата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Следен новитет е посебнатa кинетика на седиштата. Со мали придвижувања на седечката површина и потпирачот за грб се менува положбата на телото, со цел да се спречи вкочанетост при подолго седење. Тоа е дел од системот Energizing, во чијшто развој Mercedes вложува многу. Посебна опција постои кај моделите со плагин-хибриден погон, наречена „PowerNap“, со идеја возачот да направи куса починка додека се полни батеријата.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Електрификацијата напредува како што беше најавено. На располагање стојат седум плагин-хибриди, во комбинација со бензинец или дизел, како и со погон на сите тркала. Покрај тоа, понудата ја сочинуваат бензинци со моќност од 156 до 367 КС, додека кај дизелите, дијапазонот на моќност се движи меѓу 160 и 330 КС.

Првпат се нуди четирицилиндарски бензинец (M254) во погонска конфигурација на благ хибрид. Тоа подразбира стартер-генератор, којшто фукционира и како електромотор со моќност до 20 КС и вртежен момент од 180 њутнметри, во комбинација со 48-волтна мрежа. Веќе видено кај Mercedes, електричен компресор создава притисок на натполнење уште при најниски вртежи и на тој начин се избегнува турбо-дупката, односно се овозможува моќно и рамномерно повлекување.

Шестцилиндарскиот линиски бензинец (M 256), првпат се вградува во E-Class, и тој исто така е изведен како благ хибрид. Понудата од мотори ја заокружуваат шестцилиндарски дизел (OM 656) и неговата четирицилиндерска верзија (OM 654). Два катализатори SCR се грижат дизелите да ги исполнат строгите норми за емисија на азотни оксиди.

Лимузината и комбито од E-Class се произведуваат во Зинделфинген, во близина на Штутгарт, на иста лента со CLS и со верзијата на AMG GT со 4 врати.

Exclusive Line настапува со класичниот стол, со ѕвезда на хаубата и со масивни хромирани лајсни во маската
New photo by Automedia MK / Google Photos
E 53 AMG профитира најмногу од новиот изглед на E-Class
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хит-кросоверот Kia XCeed ги доби основните моделски изведби

Хит-кросоверот Kia XCeed ги доби основните моделски изведби

Bentley Mulliner Bacalar

Овој Bentley и дождот знае да го почитува