Календарот на трки на ИМСА за 2024 година почнува со класичарот, 24 часа Дајтона. Четири Мерцедес-АМГ ГТ3 се тркаат викендов во класите ГТД и ГТД ПРО.
За почеток на сезоната, календарот на трки за приватните тимови со Мерцедес-АМГ и годинава почнува со настан од големо значење. На 27-ми и 28-ми јануари, во сончевата држава Флорида се одржува престижната Ролекс 24 Дајтона.
Тимот на Ведертек Рејсинг, со возачите Маро Енгел (Германија) и Жил Гуно (Андора), во 2023 славеше победа во категоријата ГТД ПРО. Викендов стартува и сезоната на Мерцедес-АМГ како актуелен шампион во Мишелин Ендуранс Куп.
На 62-то издание на познатата маратонска трка во САД настапуваат четири приватни тимови со Мерцедес-АМГ. Во минаитот викенд се возеа квалификациските трки за првенството на ИМСА на Дајтона Интернешенел Спидвеј, долга 5,729 километри, кога се одредуваше стартниот распоред за Ролекс 24.
Маро Енгел се квалификуваше за 10-то стартно место во класата ГТД ПРО. Во конкуренција на ГТД, тројцата возачи Филип Елис (Швајцарија), Микаел Грениер (Канада) и Адам Кристодулу (В. Британија) ги зазедоа стартните места 17, 18 и 20 соодветно.
Трката Ролекс 24 Дајхтона почнува в сабота, 27-ми јануари, во 19.40 часот средноевропско време. Бодувањето за Мишелин Ендуранс Куп ќе се врши по 6, 8 и 18 часа, како и по финишот.
View this post on Instagram
Во Дајтона викендов стартува и ИМСА Мишелин Пилот Челинџ, каде што возат два тимови со Мерцедес-АМГ ГТ4 во класата ГС.
Тркачките достигнувања на Мерцедес-АМГ
- Учества на Мерцедес-АМГ ГТ3: 7 (2017 – 2023)
- Победи: 2
- Подиуми: 4
- Пол Позиции : 2
- Најбрз круг: 1
- Победник ГТД ПРО 2023: Ведертек Рејсинг #79 (Мерцедес-АМГ ГТ3), Маро Енгел (Германија), Жил Гуно (Андора), Даниел Јункадела (Шпанија), Купер Мекнил (САД)
- Севкупен победник ГТД ПРО 2023: 729 кругови (4.176 км)
- Просечна брзина на победник во ГТД ПРО 2023: 173,530 км/ч
- Најбрз круг на трка ГТД ПРО 2023: 1:45,541 мин – Жил Гуно (Мерцедес-АМГ ГТ3)
















