за

Реалити шоу на Би-би-си предизвика манија по Ланд Ровер Дифендер

Шоуто се води како „Трејтерс“, односно предавници, и во моментов е хит меѓу британската публика. Во шоуто се појавуваат Ланд Ровери, тие се „неочекуваната“ ѕвезда.

Според онлајн-берзата за автомобили Ауто Трејдер, откако почнала серијата, има повеќе од половина милион пребарувања за Ланд Ровер Дифендер.

Продажбата на црни Ланд Ровери може наскоро да доживее бум, кога фановите на хит-серијата Трејторс на Би-би-си ќе преминат во еуфорија, најавуваат од Ауто Трејдер.

Менаџерите на оваа платформа за продажба на нови и користени автомобили кажуваат дека возниот парк од Ланд Ровер Дифендер 110 што се користи во реалити шоу серијата, станал херој на истата. На тоа укажува фактот што бројот на пребарувања за Дифендер на Ауто Трејдер пораснал за 39 проценти, откако почнало прикажувањето на серијата.

Според податоците на Ауто Трејдер, само во јануари имало 92.404 пребарувања за Дифендер. Се очекува овој број да порасне уште повеќе, по петочното финале.

Уредничката на магазинскиот дел на Ауто Трејдер, Ерин Бејкер, кажува: „Виралните културни моменти честопати влијаат врз однесувањето на клиентите, а посебно врз автомобилите што лчуѓето се решаваат да ги возат.

„Го забележавме тоа во 2023 година, со почетокот на прикажувањето на Барби и со зголемувањето на интересот за розови ‘барбиевски’ автомобили, а сега откако Трејторските ја освоија нацијата, не сме изненадени што истото го гледаме во зголемувањето на популарноста на Ланд Ровер Дифендер“, раскажува Бејкер.

„Покрај фактот што Дифендер се доживува како британска икона, автомобилот има интегрална улога во шоуто од коешто секој посакува да биде дел во моментот.“

Црните Ланд Ровери станаа неочекувана ѕвезда на серијата Трејторс на Би-би-си.

Се чини дека шоуто не само што повторно го подгреа интересот за класичниот Дифендер што се користи во шоуто, туку се бараат и новите возила. Според податоците на берзата, фановите на Трејторси покажуваат зголемен интерес и за новиот Дифендер 130. Пребарувањата за црни Дифендери, и стари, и нови, достигнал близу половина милион, само во јануари, што е за 37% повеќе од истиот период лани.

Ланд Ровер Дифендер подеднакво ужива култен статус и на нашата сцена, што во дел влече корени од времето на југословенската држава, кога на разни државни служби, поврзани со работа во тешки теренски услови, не им преостанувеше друг избор, освен Дифендер. До репетиторите на планинските врвови, друго возило и не можеше да доспее.

Македонскиот вебсајт на Ленд Ровер мошне верно ја применува интернационалната шема на марката, односно сé што е присутно, на пример, на германскиот или италијанскиот вебсајт на Ленд Ровер, целосно е содржано и во настапот пред македонската публика.

Тоа важи и за прегледот за возила што македонскиот Ленд Ровер ги има подготвени за испорака во моментов. Има два Дифендери 110, што значи со пет врати и стандардна должина (130 е екстра долга) со цена од 108.300 евра. Интересна опција е можноста возилото да се користи по пат на претплата, без посебни обврзувања и финансиски договори. Со вклучено сервисирање, одржување, осигурување, технички преглед, летни и зимски гуми, Ленд Ровер Дифендер 110 чини 2.940 евра месечно. Се плаќа буквално само гориво. Според менаџерите, тоа е опција што им одговара на пример на претставници на странски компании, коишто треба неколку месеци да престојуваат во Македонија, со тоа што нормално компанијата го покрива трошокот за службено возило.

Ланд Ровер Дифендер во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар

Land Rover Defender 90 D200 AWD S

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Четири Мерцедес-АМГ ГТ3 викендов се тркаат на 24 часа Дајтона

Порше купи акции во бундеслигашот Штутгарт