за

Mercedes-Benz именува нов шеф за кинескиот пазар

Кинескиот ветеран во автомобилската бранша Дуан Џианџун ќе раководи со продажбата на најголемиот пазар на Mercedes-Benz во светот.

Mercedes-Benz го именуваше кинескиот државјанин Дуан Џианџун за претседател и извршен директор на тамошната компанија Beijing Mercedes-Benz Sales, за продажба на возила од германската марка.

Назначувањето на Џианџун за прв човек на продажбата на Mercedes-Benz во Кина важи од 1-ви мај, се наведува во соопштението од Beijing Mercedes.

Дуан почна да работи во компанијата за продажба на возила во 2013 година, како заменик на извршниот директор. Тој беше унапреден во оперативен директор во 2019 година.

Ветеранот во автомобилскиот бизнис доаѓа на местото на Јан Мадеја, кој се враќа во Германија, откако четири години беше во служба како претседател и извршен директор во Кина. Мадеја ќе преземе нова функција во управата на Mercedes-Benz во Штутгарт.

Кина е најголем пазар за автомобилите Mercedes-Benz во светот.

Во минатата година, германската луксузна марка испорача 751.700 автомобили во Кина, што е за еден процент под резултатот од преклани.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · Kia XCeed 1.5 T-GDi

Германија го субвенционираше милионитиот електричен автомобил во земјата